1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Многу теми, малку согласност

Министрите за надворешни работи на Групата 8, вчера во Потсдам го подготвуваа самитот што ќе се одржи во идната недела во Хајлигендам. На обемниот дневен ред, меѓу другото, ситуацијата на Блискиот исток, идниот статус на Косово и спорот околу иранската атомска програма.

Што стои зад насмевките? Штајнмајер и Лавров во Потсдам

Што стои зад насмевките? Штајнмајер и Лавров во Потсдам

Со специјален воз министрите на Групата 8 патуваа заедно од Берлин до Потсдам, и во одлично распложение стигнаа во замокот Сесилиенхоф. Помалку хармонично мина дебатата за спорните точки од дневниот ред. Никаков напредок не беше постигнат на етма Косово. Русија е против тоа, српската провинција чекор по чекор да стане независна, јасно стави на знаење рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров:

„За ова прашање нашите позиции се дијаметрално спротивни и јас не гледам шанса за приближивање. Нашите западни колеги сметаат дека брзата независност на Косово е неопходна и не сакаат долго да чекаат. Ние сме убедени дека таква криза може да се реши само со согласност на засегнатите држави„.

Притоа Лавров мислеше на Србија и јасно соопшти дека неговата земја нема да се согласи со независност на Косово против волјата на Србија. Сосем поинаков е ставот на САД и Европската унија, што го формулираше германскиот министер Штајнмајер:

„Ако во наредниот период биде решено прашањето за статусот, тогаш е можен развој што ќе води од фактичка независност на Косово, до правна независност. Во оваа ситуација се поставува прашањето на политиката кон Србија„.

Кога станува збор за Авганистан, домаќинот Штајнмајер во Потсдам ги покани колегите од Кабул и Исламабад. Меѓу владите на Авганистан и Пакистан владее студен период. Тие обострано се обвинуваат дека не преземаат доволно мерки против Талибанците. Авганистанскиот министер Дадфар Спанта изјави дека не е доволен меѓународен консензус за иднината на неговата земја:

„Она што вистина ни недостига е регионален консензус. Соседите на Авганистан мораат повеќе да соработуваат. Задоволен сум што во Потсдам е поставен темелник за таквата регионална соработка„.

И неговиот пакистански колега Куршид Касури подвлече дека стабилноста на Авганистан и враќањето на бегалците се многу важни за неговата земја.

Што е со ракетниот одбранбен систем? Ниту тука немаше приближување. Американската министерка Кондолиза Рајс повтори дека планираниот американски ракетен штит во Источна Европа не е насочен против Русија и нема да ја ограничи ударната моќ на руските одбранбени системи:

„Претседателот Путин штотуку кажа дека руските ракети можат да го минат нашиот одбранбен систем или дури да го уништат. Се согласуваме дека е така„.

Лавров, во подеднакво провоцирачки тон, и одговори на Рајс дека се надева оти Русија тоа нема да мора да го докаже. На крајот од прес-конференцијата меѓутоа, обајцата, во очигледно помирувачки тон, најавија дека претседателот Џорџ Буш на почетокот на јули го поканил рускиот колега Владимир Путин во посета на САД. На имотот на Џорџ Буш сениор два дена ќе разговараат за темите што нема да можат да бидат расчистени на самитот на Г-8.

Поврзана содржина