1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Многу сонце, малку колектори

Македонија е се’ уште далеку од светските трендови на градење енергетски ефикасни обејкти. Планови во оваа област има многу, но нивната реализација е речиси никаква.

default

Македонија со 260 сончеви денови годишно е во врвот на европскиот просек по бројот на деновите во кои може да се ужива во сончевите зраци, но истовремено и на самото дно кога станува збор за искористување на овој вид енергија. Во земјата ретко се среќава објект на чиј покрив има соларни панели или пак модерни системи кои укажаат дека станува збор за енергетско ефикасни објекти. Она што на запад веќе одамна е тренд, но и законска обврска, во Македонија се’ уште е во фаза на проекти, кои допрва треба да се реализираат.

Потребни се конотрли

Deutschland Europa erneuerbare Energie Solarenergie

Неедуцираноста на населението за овие прашања, но и недоволната заинтересираност на државата според експертите е главниот проблем. Професорот Ристо Цицонков, истакнат експерт од оваа област и во меѓународни рамки, за Дојче веле објаснува: „На пример нема контрола. Денес има фирми кои градат згради, куќи. Никој не ги контролира дали тие ставаат топлинска изолација или не ставаат. Се’ уште сме назад иако е предвидено да се поправи таа слика се’ уште нема соодветен механизам како тоа да се ефектуира во пракса“, вели Цицонков кој има подготвено книга во која на народен, едноставен јазик има опишано десетици совети како да се заштеди енергија: „Ако корисникот има пари најдобро е да стави топлинска изолација. Факт е дека градбите се или слабо или не се изолирани. Денес во поразвиените земји или на пример Хрватска на објектите се става топлинска изолација од 10 до 20 сантиметри. Јас не знам во Македонија каде има градба со ваква изолација, мислам дека нема“, вели Цицонков.

Може да се постигне многу повеќе

KfW Bankengruppe Solarenergie

Во Скопје и во делови од внатрешноста на земјата, постојано никнуваат нови згради. Становите во зависност од локацијата се продаваат од 800 па до 1500 евра за метар квадратен. Градежниците велат дека градат според енергетските стандарди. Никола Велковски, потпретседател на Здружението на градежници при Стопанската комора смета дека може да се постигне многу повеќе, ако државата освен декларативна понуди конкретна поддршка: „Во пракса ние како градежници немаме придобивка од тоа што декларативно се заложува за градба на енергетско ефикасни објекти. На пример да се намали ДДВ на таквите материјали или да се субвенционираат таквите материјали. Тогаш ќе можеме да кажеме дека таа ни помага. Пак ќе кажам, ние тоа го работиме, ама тоа е стихијски“, вели Велковски.

За подобрување на состојбата Стопанската комора на Македонија во соработка со УСАИД во наредните два месеца планира да изврши соодветна обука и едукација на општините во Македонија. Како една од мерките која ја презеде државата, а која повеќе не функционира, беше субвенционирањето за физичките лица кои ќе решат да стават сончеви колектори на своите објекти. Субвенционирањето изнесуваше 300 евра.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Александра Трајковска