1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Многу проекти за превенција а насилството меѓу младите продолжува

Минатата недела средношколци од Охрид и Струга физички се пресметаa. Дел од нив минаa со лесни повреди. Со засилена превенција се согласуваат и учениците, училиштата и родителите. Но дали таа носи резултати?

default

Центарот на Охрид

Последниот инцидент меѓу деветте млади Албанци и Македонци од Охрид и Струга што се случи во Струга е резултат на обична кавга. Загрижува што во пресметката е употребен метален бокс, како што соопштува полицијата. Средношколците од „Ибрахим Темо “ од Струга и ЕМУЦ „Свети Наум Охридски “ од Охрид си размениле повеке удари со тупаници и со нозе. Јавноста е шокирана од бруталноста и агресивноста меѓу младите. Директорот на ЕМУЦ „Свети Наум Охридски “ Бошко Силјаноски открива:

„ Пред еден месец беше таа тензија и се олабави. Но некаде повторно дојде до некоја друга работа, Во секој случај ние ги држиме конците во раце и работиме и со децата и со родителите на оваа тема и немаме нешто проблематично од поголеми размери, барем досега и моментално ситуацијата е под контрола.“

За нас како полиција етничкиот состав на учеснците не е важен. Ние имаме подеднаков третман кон сета популација, вели портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски:

„ Полицијата разговараше со родителите чии деца беа најдиректно вклучени во нарушувањето . Поднесена е и прекршочна пријава, ги согледавме сите моменти и се што ќе откриеме како причина ќе биде вметнато во нашите наредни средби со ученците и реализацијата на понатамошните слични проекти. “

Struga Innenstadt, Mazedonien

Центарот на Струга

Превентивни проекти за мир и соживот меѓу младите

СВР – Охрид на подрачјето кое го покрива од 2008 до сега спроведе повеќе проекти за превенција на насилство во училиштата. Во обуката минале над 2800 ученици. Но паралено со тоа во Охрид и Струга на иста тема преку Советодавните групи се дискутира и со наставниците, родителите , експертите се со цел негативните појави да се пресечат во корен. Директорот на ЕМУЦ „ Свети Наум Охридски “ Силјаноски потврдува дека интересот и кај учениците за учество бил голем и од нив го барале следново:

„ Секој проблем што ќе го забележат да не продолжат да го разгоруваат, туку да ни го пријават евентуално нам или на инспекотрите во СВР. Но деца како деца можеби некаде не можат да се исконтролираат и совладаат. Сепак тоа се ситни и одделни инциденти. Сакаме и нив да ги отстраниме. “

Според Димоски полицијата ја отфрла можноста последната тепачка да е

рефлексија од поранешните тепачки меѓу ученците од „Ибрахим Темо “ и „ Нико Нестор “:

„По спроведувањето на овие проекти веќе е минато. Причините кои што значеа меѓусебна и меѓуетничка нетрпеливост се надминати.“

Schule Niko Nestor

Средношколци во Струга

Локалните власти бараат надлежност во дел од полицијата

Новинарот Горан Момироски , сопственик на веб порталот „Охрид њуз “открива:

„ Жестоките инциденти кои се случуваат во Охрид внесуваат немир помеѓу граѓаните. Тие се загрижени поради големата агресивност што ја манифестираат младите, а голем дел од граѓаните се чувствуваат небезбедно во местото на живеење. На ова укажуваат и резултатите од анкетата што ја спроведе деновиве Охрид њуз за сопствени потреби. На прашањето: Дали во Охрид се живее безбедно? – 48 отсто одговориле потврдно, а 52 проценти негативно.“

Полицијата потврдува дека сега безбедносната состојба во Охрид и Струга е стабилна и дека овој вид нарушувања, барем во Охрид се намалени, споредено со лани. Но, по неколкуте тешки инциденти во кои цел беа и туристите, локалната власт излезе со став дека доколку полицијата би била под нивна ингеренција состојбите ќе биле далеку подобри.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски