1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Многу пари и многу сиромаштија

Ситуацијата во многу земји на Азија и Африка богати со нафта е позната. Таму каде што портади големите приходи од извозот на „црното злато„ би требало да владее висок животен стандарад, најчесто владее мизерија. Со причините за таа појава се повеќе се занимва науката:

Во чии џебови завршуваат парите од нафтата?

Во чии џебови завршуваат парите од нафтата?

Земја што црпе нафта и потоа ја извезува, назад добива река пари. Според тоа, соодветен економски растеж и стандард се нормална последица. Меѓутоа, во многу случаи оваа сметка не излегува:

„Најчесто се мисли дека една земја што добива големи приходи од извозот, треба да е многу богата. За жал, најчесто тоа не е така. Најчесто владеат корупција, битка за поделба на колачот и не се инвестира зашто се мисли дека се имаат сигурни приходи„., вели Хубертус Барт од Институтот на германското стопанство во Келн кој се занимиава токму со прашањето зошто многу од земјите извознички на нафта немаат висок стандард. Причините вака ги гледа:

„Повеќето од нив се главно концентрирани врз суровините и забораваат дека и на друг начин можат да заработуваат пари„.

Какви тешкотии можат да настапат дури и за богатите земји, искусија Холанѓаните:

„Таму во доцните 60-ти години во Северното море беа откриени нафта и гас. Тоа доведе до нова превреднување на домашната валута и до тешкотии на извозот во други подрачја. Холандија страдаше од следниов феномен: дојде до пониска стапка на пораст и до невработеност„.

Оттогаш стручњаците го употребуваат терминот „Холандска болест„. Додека Холандија полека ги решаваше проблемите, ситуацијата во многу земји што се наоѓааат во организацијата на државите извознички на нафта е сосема поинаква. Во 2002 година само две членки на ОПЕК имаа повеќе од 20 илјади долари пер капита: Катар и Обединетите Арапски Емирати. Нигерија и Замбија напротив, не ја достигнаа ниту границата од илјада долари по жител. Барт во тоа гледа повеќе причини:

„Воените издатоци се многу повисоки во земјите од ОПЕК, на пример. Трошоците за образование напротив, помали, а науката и развојот запоставени„.

Во земјите на ОПЕК во периодот 88 – 2001 во просек за воени цели беа трошени 6 насто од брутонационалниот производ. Во другите земји во рзавој таа стапка е под 3 насто. Генерално важи дека суровините што носат големи приходи кријат опасност владите да не успеваат да ги совладаат проблемите. Кон тоа и се пораширената корупција:

„Корупцијата е еден од најголемите проблеми во земјите богати со суровини. Може да се замисли лакомоста кога одеднаш ќе се појават многу пари. Секој се обидва да откина парче од колачот, секој се обидува да влијае врз дражавата така што самиот да профитира. Тоа е корупција„.

Од друга страна, дополнителните приходи од извозот на нафта се често о добродојдени за државните буџети. Така, Русија на пример, исплати дел од своите долгови кон странство. Норвешка е и земја за пример, а за тоа треба да и се заблагодари на генијалната институција: нафтен фонд. Приходите од изворите што ги контролира државата се инвестираат во странски хартии од вредност:

„Токму така. Се онвестира во странство. Дел од тие инвестиции ќе се прелее во државниот буџет, а најголемиот дел се остава на страна за лоши времиња„.

Се разбира има и позитивни примери, смета Хубертус Барт и ги посочува Обединетите Арапски Емирати. Дубаи го поддржува туризмот: се градат големи хотели и се раѓаат рајски одморалишта и тоа е исправниот пат:

„Овој проблем многу актуелно се поставува во земјите од Каспиското море, во Азербејџан или во слични земји. Таму мора да се внимава приходите да не бидат веднаш трошени, туку да се создаде фонд сличен на Норвешкиот и преку него да бидат повеќе користени за инвестици во други стопански гранки за да не се остане само на потпирањето од парите од нафтата„.