1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Многу концесии, никаква контрола

Концесионерството во Македонија носи инвеститори, но и многу проблеми. Освен слабата контрола на терен, проблеми предизвикува и слабата правна регулатива.

default

Во делот на концесиите на рудните богатства контролата на концесионерите на државно ниво ја вршат само двајца инспектори

Концесија за експлоатација на минерални суровини, земјоделско земјиште, води, патишта, аеродроми. Ова се доминантните сектори во Македонија во кои инвеститорите ги користат природните богатства во замена за концесиски надомест. Најголем број договори има во делот на минералните суровини. Според неофицијалните податоци, во овој сектор издадени се околу 300 концесии. Експертите сметаат дека ваквата владина политика е добар начин за привлекување инвеститори, која за жал на терен функционира со многу проблеми, пред се‘ заради слабата правна регулатива:

„Многу често се случува од една страна да дадете под концесија природни богатства, а од друга страна да нема поврат во доволен обем за пазарна оправданост. Се‘ едно дали давате вода,

Brücke über Fluss Kozjak

Се‘ едно што се дава под концесија - мора да се обезбеди враќање на средствата и економска оправданост

патишта, рудни богатства - мора да обезбедите поврат на средствата за економска оправданост. Во пракса се случува недоволно јасна и транспарентна постапка на издавање концесии“, вели за Дојче веле професорот Атанаско Туневски.

Апели за отстранување на нелојалната конкуренција

Од владата велат дека концесиите се издаваат согласно законските прописи преку јавен оглас, или по пат на барање. Во услови кога надлежните тврдат дека се прави се‘ за да се обезбеди транспарентност и регуларност на процесот, звучи апсурден податокот дека во делот на концесиите на рудните богатства контролата на концесионерите на државно ниво ја вршат само двајца инспектори. Од министерството за економија се свесни за ваквиот проблем, но немаат конкретно објаснување.

Раководителот на секторот за минерални суровини Ејуп Љатифи за Дојче веле објаснува дека овој проблем наскоро ќе бил отстранет: „ Имаме само двајца рударски инспектори, но Владата донесе заклучок да се вработат уште 11 лица со цел да се сузбие бесправната експлоатација, како еден од главните проблеми кој се појавува на терен. Тоа создава нервоза кај локалните власти и кај концесионерите кои редовно ги плаќаат концесиите.“

Освен апелите за регулирање на нелојалната конкуренција, од Асоцијацијата на македонски рудници предупредија и на неконстантната владина политика во делот на утврдување на

Mazedonien Land und Leute Bogorodica

Во тек е постапка и за концесија на 350 километри автопатишта

висината на концесиите. Во услови кога само во посследните три месеци трипати се зголемени концесиите, од 0,5 на 1,5%, оттаму бараат владата да донесе долгорочна стратегија за да можат да ги планираат своите инвестиции.

Земјоделците не се жалат на висината на концесиите, туку на соработката со локалните власти

Покрај секторот рударство, на проблеми со концесиите се жалат и во секторот за земјоделство. Главниот проблем не е во висината на концесиите, туку соработката со дел од локалната самоуправа, вели Ѓоко Данаилов од Федерацијата на фармери:

„Висината на концесиите е околу три илјади денари по хектар. Парцелите се движат од седум до десет хектари и така се изнајмуваат. Имаме случаи каде луѓе имаат добиено договори, но и по една година ги немаат добиено парцелите во владение, иако за тоа имаат договор со министерството за земјоделство, проблемот е на локално ниво“.

Моделот на концесионерство македонските власти го употребија за привлекување странски инвеститор за модернизација на аеродромите. Турската компанија ТАВ со концесискиот договор, чија содржина е тајна за јавноста, се обврза на инвестиции од 200 милиони евра во замена за концесија од 20 години. Во тек е постапка и за концесија на 350 километри автопатишта во земјата, за кои владата по пат на јавен оглас бара потенцијален инвеститор кој во замена на нивна изградба би стопанисувал со истите во период од 35 години. Во прелиминарната фаза се пријавени осум компании што е далеку под очекуваниот интерес.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска