1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Многу загинати во судирите во Мали

Бунтовниците во северниот дел на Мали и натаму им пружаат жесток отпор на малиските, француските и трупите на африканските држави.

Во најжестоките судири по повеќе недели, според наводите на армијата на Чад, која исто така има испратено трупи во регионот, загинале најмалку 13 чадски војници.

Тоа е најголем број на загинати странски војници од почетокот на воената кампања против исламистичкте бунтовници, која почна пред шест недели.

Во битките во близина на границата со Алжир, пак, се убиени најмалку 65 припадници на радикално-исламистичките бунтовнички сили, соопшти армијата на Чад.

Француските трупи на 11 јануари на молба на владата во Бамако започна интервенција во Мали за да го спречат напредувањето на исламистичките бунтовници од северниот во јужниот дел на земјата.

Во моментов, во Мали се стационирани речиси 4000 француски војници, кои во операциите се поддржани од трупи на африканските држави. Единиците од земјите на Заедницата на западноафрикански држави - ЕКОВАС во март би требало на теренот да започнат да ги заменуваат француските трупи.