1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ММФ ја намали прогнозата за пораст

ММФ ги ревидираше своите прогнози за растот на светското стопанство и за економијата во Германија. Еврокризата и слабата конјунктура во САД се „отров“ за светското стопанство смета Фондот.

Порастот на светското стопанство годинава ќе биде послаб од очекуваното. Меѓународниот монетарен фонд очекува брутодомашниот производ глобално да порасне за 3,3 проценти, што е 0,2 проценти пониско од проценките во јули годинава. Во 2013. година економскиот пораст ќе изнесува 3,6 проценти. ММФ ја коригираше својата прогноза и за Германија. Германското стопанство како во 2012 така и во 2013 година ќе расте за 0,9 проценти, се вели во новит епроценки на ММФ. Во јули се прогнозираа еден процент за годинава и 1,4 проценти за наредната година.

Причини за слабиот пораст се еврокризата и американскиот долг, проценува ММФ. За да се спречи ваквиот тренд, ЕУ би морала да се спогоди на банкарска унија и заедничка буџетска политика. Во САД би морало да се избегне драстично покачување на даноците и кратење на расходите. Двете кризи би морале да бидат надминати, за да не дојде до масовно опаѓање на глобалниот пораст, се вели во прогнзоата за светсктоот стопанство, претставена во Токио.