1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ММФ со позитивни прогнози за германската економска моќ

На 25 јануари германската влада ќе го објави годишниот економски извештај со прогноза за економскиот раст во оваа година. Според владини кругови владата ќе ја корегира прогнозата на 1,4 процент. Во меѓувреме меѓународниот монетарен фонд ја објави својата прогноза за гермаснката економска моќ во 2006 година.

Зградата на ММФ во Вашингтон

Зградата на ММФ во Вашингтон

Прогнозата за раст во Германија сеуште не е добра, но е подобрена. Меѓународниот монетарен фонд, предвидувањата за 2006 година ги корегираше во нагорна линија. Ајаи Чопра, во ММФ одговорен за Европа, ја објави добрата вест на телефонски пренесувана прес конференција

„Прогнозираме дека економскиот раст од 0,9 насто за 2005 година ќе се зголеми на 1,5 проценти во 2006 година.“

Ова е значително помалку отколку што има САД да понуди, но во секој случај е подобрување за 0,3 точки во однос на претходната прогноза од септември минатата година. Тогаш ММФ на Германија меѓу сите останати индустриски земји, и додели најлоши оцени, а конјунктурнтата прогноза ја намали како за ниту една друга земја. Но:

„Заклучивме, дека економијата зема замаф во втората половина на 2005 година. Тоа сеуште не е стопроцентно сигурно, бидејќи ни недостасуваат уште некои статистички податоци, но има подобрување. Очекуваме овој тренд да се подобри во 2006 година.“

Сепак оптимизмот на ММФ кој е споделен од другите економски и финансиски експерти, сепак е само за до крајот на годинава. 2007 та мини полетот веќе ќе мине, со плус кај бруто домашниот производ од во најлош случај 0,75 проценти. Причина: Планираното покачување на данокот кое и онака штедливите потрошувачи ќе ги натера уште повеќе да штедат. Катастрофа за домашниот пазар. Но нееднаквиот развој на светските пазари и високите цени на нафтата уште побрзо би можеле да го уништата полетот. И во најдобар случај Германија сеуште не е излезена од кризата

„Во Германија има три проблеми, кои се зависни еден од друг: прво нискиот раст, кој и натаму ќе паѓа. Второ високата долгорочна невработеност и трето притисок подради високите долгови на државата.“

Сите три не се нови проблеми, дополнува Чопра. Но исто толку нови се и предлозите на ММФ, за решавање на пробелмите

„Спроед наше мислење, Германија треба да следи стратегија која ќе ги комбинира консолидацијата на буџетот со реформи на работниот пазар, пазарот за производи и услуги и во финансискиот сектор. Правилно направени, овие сегменти меѓусебно ќе се засилуваат.“

Меѓународниот монетарен фонд на Германија досега и префрлуваше дека е премногу неодлучна и неконсеквентна во реформите за да може да се постигне вистиснки економски полет.