1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ММФ се надева на крај на кризата

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка бараат поголема помош за сиромашните земји во времиња на финансиска криза, потенцираа двете институции на крајот на нивните пролетни заседанија во Вашингтон.

default

Воздржан оптимизам во ММФ

Јусеф Бутрос Гали на крајот на седницата на Управниот добор на ММФ во Вашингтон, со речиси цврсто убедување изјави: „Се разбира дека се‘ уште има ризици, се разбира дека работите уште некое време ќе бидат лоши. Но, темпото на пад на економијата ќе се намали. Има согласност околу тоа дека кон крајот на оваа година ќе видиме светло“.

Бутрос Гали е претседавач на Управниот одбор на ММФ, кој ги претставува 185-те земји членки на Фондот. И, барем 20-те најважни индустриски земји и земји во подем направија голем напор од Вашингтон да испратат претпазлива порака полна со надеж - крај на кризата е можен на истекот од 2009 година, а на почетокот на 2010 година е можен благ економски пораст.

Ветувањата бавно се реализираат

ММФ во иднина треба да даде поголем придонес за тоа, отколку досега. На конференцијата на Г20, на почетокот на април во Лондон, беше ветено дека на ММФ ќе му бидат ставени на располагање повеќе од илјада милијарди долари за да се бори против кредитните „тесни грла“ и проблемите со ликвидноста ширум светот. Ветувањето и натаму стои, но се спроведува многу бавно и со голем напор. Цврсти ветувања за финансии досега има само од индустриските, додека земји како Кина, Бразил, Индија или Русија се‘ уште се воздржани. Пред да дадат пари, тие сакаат јасна перспектива за нивната идна улога во ММФ и бараат поголемо право на соодлучување. Зашто, во носењето решенија во ММФ се‘ уште доминираат САД и Европа.

Погледот е насочен напред

На пролетното заседание на ММФ се слушнаа пофалби за конјуктурните програми со кои државите ширум светот се обидуваат да излезат на крај со кризата. Но, директорот на ММФ, Доминик Штраус-Кан, се обидува веќе сега да размислува за времето потоа: „Мора да внимаваме на тоа што ќе се случи за три-четири години. Затоа мора да се направат подготовки за напуштање на конјуктурните програми.“

IWF-Chef Strauss-Kahn: Finanzkrise wird Wachstum bremsen

Доминик Штраус-Кан

Според Штраус-Кан, економско опоравување не е можно се‘ додека дубиозните хартии од вредност и кредити се дел од билансите на голем број банки во светот.

„Мора да се дојде до свеж капитал. Во некои земји можеби банките ќе мора да се подржават, во други можеби да се создадат „бед бенкс“. Тоа мора да се случи сега, зашто од тоа во голема мерка зависи економското опоравување.“

Таканаречените „бед бенкс“ треба да ги преземат дубиозните хартии од вредност и со тоа да ги растоварат билансите на деловните банки.


Автор: Јенс Борхерс / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска