1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ММФ: Светската економија расте побавно од очекуваното

Светската економија се опоравува побавно отколку што тоа досега го прогнозираше ММФ. Тоа се должи на кризата во еврозоната, но и на слабиот развој на земјите во забрзан подем.

Меѓународниот монетарен фонд ги објавува своите прогнози два пати годишно - напролет и наесен. Последната прогноза за светската економија (World Economic Outlook) беше објавена во април годинава, но порастот оттогаш оди толку бавно, што ММФ мора веќе да ја корегира својата годишна прогноза за 2012-та.

Според нејзе, светската економија годинава ќе забележи пораст од 3,5 проценти, или 0,1 процент помалку од досега прогнозираното. За 2013 година експертите проценуваат пораст од 3,9 проценти или 0,2 проценти помалку од досегашните прогнози.

Главна причина за полошите прогнози, според ММФ, е должничката криза во еврозоната. Доколку политиката дејствува предоцна или колебливо кризата може да ескалира, се вели во извештајот. Сепак, ММФ изразува оптимизам и констатира дека заклучоците од самитот на ЕУ во јуни се чекори кон вистинска насока.

За Германија ММФ очекува пораст од 1 процент годинава и 1,4 проценти наредната година. Стопанството во Италија и Шпанија ќе паѓа во текот на 2012. и 2013., а економското постигнување годинава ќе биде во минус и во целата еврозона - минус 0,3 проценти. Наредната година повторно ќе тргне нагоре -  плус 0,7 проценти, иако и тоа е помалку од досегашните очекувања.

Можна слаба точка на светската економија претставуваат и САД, иако ММФ очекува пораст од 2% годинава и 2,3% наредната година. Сепак, ММФ предупредува од ефектите на законите што врз американската економија ќе ги имаат законите кои стапуваат во сила годинава, како низата зголемувања на даноци и кратење на давачките. Противниците на ваквите мерки, меѓу кои е и ММФ, бараат ваквите закони да бидат укинати, затоа што го загрозуваат економскиот пораст.

ММФ значително ги намали и прогнозите за пораст во земјите во забрзан подем. За Индија се предвидува пораст од 0,7% годинава и догодина, за Бразил од 0,6% годинава, а за Кина 0,3% догодина. Земјите во забрзан подем, меѓутоа, се‘ уште стојат споредбено добро. Економијата таму во просек ќе забележи пораст од 5,6% годинава и 5,9% наредната година, оценува ММФ - нешто за што индустриските земји можат се‘ уште само да сонуваат.