1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ММФ прогнoзира големи загуби

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои конјуктурен пакет вреден 819. милијарди долари. ММФ во меѓувреме предупреди дека светската економија годинава ќе ја доживее најголемата криза по Втората светска војна.

default

ММФ

Американскиот претседател, Барак Обама, воочи гласањето во Претставничкиот дом на Конгресот на пакетот мерки за поддршка на конјуктурата ја упати следнава порака: „Потребна им е помош на сите оние работници кои, кога се враќаат дома им велат на своите сопруги и деца дека останале без работа или пак оние кои живеат во страв дека ќе бидат следни на списокот за отпуштања. Тие очекуваат Вашингтон да реагира. Затоа се надевам дека во наредните недели ќе го потпишам планот за реинвестирање и опоравување на земјата во вид на закон,“ изјави Обама.

Американскиот претседател интензивно се обидуваше да добие поддршка за пакетот и од страна на републиканците кои сепак не гласаа за негово усвојување. Следната истанца е Сенатот каде исто така се очекува планот да помине со оглед на мнозинството со кое располагаа демократите.

ММФ очекува големи загуби

Усвојувањето на конјуктурниот пакет за поддршка на американската економија дојде непосредно по најновата прогноза на ММФ која по втор пат мораше да ја корегира прогнозата за 2009. година и тоа надолу. Светската економија годинава го доживува најтешкиот пад по втората светска војна. ММФ очекува дека загубите во светот како последица на кризата која започна во САД ќе достигнат 2,2 билиони долари. За 2009. година на светско ниво се прогнозира раст од 0.5%.

Директорот на одделот за истражување во ММФ, Оливер Бланхард, тоа го формулираше на следниов начин: „Практично се движиме кон застој на светската економија“

Посебно погодени од кризата се индустриските нации, меѓу кои е и Германија. Експертите прогнозираат 2% пад на економијата кај овие земји. За Германија се прогнозира минус од 2,5%. Нешто подобри за разлика од евро зоната се прогнозите за САД од 1,6%. За разлика од развиените земји кои влегуваат во најтешката повоена рецесија, државите во развој можат да смeтаат на 3,3% економски пораст.

Лоши прогнози за Руија

Заменик директорот на одделот за истражување во ММФ, Колинс, сепак предупредува дека постои опасност од натамошно ширење на сиромаштијата, бидејќи многу земји во Африка не се во состојба финансиски да го поддржат населението. Според прогнозите на ММФ, Кина е во редот на земјите кои подобро ќе ја поднесат финансиската криза. Очекувањата се дека економскиот пораст во 2009 година во Кина ќе изнесува 6,7%.

Посебно лоши се прогнозите за Русија. Наспроти прогнозите од минатиот ноември за економкси раст од 3,5% во 2009 година, ММФ очекува руската економија да падне на 0,7%. Главната причина за ваквиот негативен развој, според заменик директорот во одделот за истражување на ММФ, Колинс, се неколкуте тешки удари врз руската економија, пред се’ поради падот на цената на нафтата и финансиските турбленции од минатиот септември: „Комбинацијата на овие два фактора се причина за најлошата економска прогноза за Русија. Развојот сепак ќе биде малку ублажен преку финансиските и политички мерки на руската влада.“

ММФ очекува стабилизирање на светската економија во 2010. година. Првите знаци на опоравување се очекуваат веќе кон крајот на 2009.