1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ММФ пред историски реформи

Гордиевиот јазол е одврзан: министрите за финансии на Г20 постигнаа согласност за реформа на Меѓународниот монетарен фонд. Шефот на ММФ Доминик Штрос Кан во Јужна Кореја изјави дека ова е исклучителен резултат.

default

Министрите за финансии на Г20 се согласија за реформа на ММФ

Многу експерти не очекуваа брза разврска за долготрајниот спор за реформа на Меѓународниот монетарен фонд, но Групата 20 најразвиени и земји во подем успеа да го скрши ледот. На средбата на министрите за финансии и шефовите на емисионите банки, во јужнокорејскиот град Кјонгџу денеска (23.10.10) се согласија да им дадат поголема одговорност на земјите во развој, пред се’ на Кина. Со тоа рамнотежата на гласови сега се поместува за речиси шест процентни точки во корист на земјите со индустриски подем. Ова оди на товар на „старите“ доминантно застапени земји од Европа, пред се’ на товар на Германија.

G20 Finanzministertreffen Südkorea

Средба во Јужна Кореја

Шефот на ММФ Доминик Штрос Кан ја пофали спогодбата како досега најголемата реформа во историјата на Фондот. По долгите натегања и опсежни промени во ММФ, многумина до последен момент сметаа дека нема да може да се постигне согласност. Спогодбата треба да ја одобри надзорниот совет на ММФ на својата наредна седница на почетокот на ноември.

Европејците се откажуваат од две места

Покрај зајакнувањето на позицијата на земјите во развој реформата предвидува и проширување на ингеренциите на ММФ за надзор на економската политика на државите.

G20 Finanzministertreffen in Südkorea

Министрите за финансии во Јужна Кореја

Шефот на ММФ Штрос Кан потврди дека, Европајците ќе се откажат од две места во Директориумот на ММФ. На ова тело во иднина би требало да му припаѓаат десет земји: САД и Јапонија, четирите европски држави-Германија, Франција, Велика Британија и Италија, како и Бразил, Русија, Индија и Кина.

Делумен успех Европејците постигнаа во спорот со САД околу големината и важноста на Директориумот на ММФ. Иако Европајците ќе се откажат од две места, Директориумот и натаму ќе брои 24 членови, а не како што бараа САД-20. САД од друга страна ќе го задржат нивното фактичко право на вето при важни одлуки. Реформата треба да стапи во сила во 2011 година.

Дводневната средба на министрите за финансии во Кјонгџу беше подготвителна за самитот на Г20 кој треба да се одржи на 11 и 12 ноември во Сеул.

Автор: АТ/ ЖА/ афп/ ртр/ дпа/ дв

Редактор: Жана Ацеска