1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ММФ предупредува: Кризата ќе трае

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека не треба да се потценуваат последиците од европската должничка криза. Кризата може да има големи последици за светската економија.

„Кризата не е завршена. Ние сме среде криза и треба да се изоди уште долг пат“. Со овие зборови вице-директорот на Меѓународниот монетарен фонд Зу Мин на летната средба на Светскиот економски форум во Тианџин, во Кина, предупреди дека кризата и последиците од неа не треба да се потценуваат. Според Зу Мин, натамошно влошување на економската состојба во Европа би имало „енормни последици“ врз светската економија. Ако состојбата и натаму се влошува, би требало да се смета со намалување на економското постигнување во САД и Јапонија до два процента. Кинеското стопанство пак, би настрадало помалку, но сепак и таму треба да се смета со намалување на економското постигнување од еден процент.

Напорите на еврозоната за менаџирање со кризата, според вице-директорот на ММФ, одат во „вистинска насока“. Зу Мин ја поздрави одлуката на Европската централна банка за намалување на трошоците за рефинансирање на евро-државите во криза со купување нивни државни обврзници. Зу Мин за одлуката на ЕЦБ, која патем во Германија е спорна, рече: „Одлуката на ЕЦБ е многу важна и ние ја поддржуваме.“

Летниот Светски економски форум што се одржува во источнокинескиот град Тианџин е пандан на Светскиот економски форум што секоја зима се одржува во швајцарски Давос. Годинава во Кина се собрани околу 2000 делегати од 90 земји.