1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ММФ: Португалија има потенцијал за штедење

Меѓународниот монетаерен фонд гледа потенцијал за заштеда на дополнителни четири милијарди евра во високозадолжената Португалија. На агендата со предлози стојат и отпуштања.

Финансиските експерти на ММФ и советуваат на Португалија дополнително да отпушти државни службеници и да ги скрати пензиите. Освен ова тие препорачуваат заштеди во здравствениот сектор, образованието и паричниот надомест за невработените.

Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд го објави владата во Лисабон. Кабинетот на премиерот Педро Пасос Коељо измината есен упати молба до ММФ да идентификува каде постои потенцијал за штедење. „Државата не може да продолжи да функционира на сегашниот начин“, нагласи државниот секретар Карлос Моедас.

Претходно, португалскиот парламент на крајот на ноември усвои ригорозен пакет за штедење и покрај масовните протести. Тој за годинава предвидува повисоки приходи во висина од пет милијарди евра. 80 проценти од овие пари треба да се финасираат преку покачувања на даноците. Усвоените мерки повеќето вработени во Португалија ќе ги чини најмалку една месечна плата.

Структурните реформи и програмите за штедење се дел од спогодбите на земјата со меѓународните донатори, кои на Португалија во мај 2011. година и одобрија спасувачки пакет од 78 милијарди евра. До крајот на годинава владата има намера да го намали дефицитот во буџетот на 4,5 проценти од БДП.

Стопанството веќе две години е во рецесија. Годинава исто така не се очекува промена на оваа состојба. Невработеноста во Португалија изнесува 16 проценти.