1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ММФ: нема да се дозволи да пропадне ниедна голема банка

Рецепти за сузбивање на светската финансиска криза на викендот беа барани и во Вашингтон, каде по средбата на групата најразвиени индустриски земји во светот Г7, заседаваше и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

default

Доминик Штраус-Кан, шеф на ММФ

Шефот на ММФ ,Доминик Штраус-Кан јасно укажа на слабоста во досегашното барање решенија за кризата: „Фондот со недели, ако не и со месеци, вршеше притисок за меѓународна координација со аргумент дека национални мерки без усогласување на меѓународно ниво не помагаат, туку побргу можат да наштетат.“

Земјите членки на ММФ се обврзаа веќе да не дозволат да пропадне ниедна голема банка, ниеден важен финансиски институт, туку во такви случаи државата да даде помош. Јусеф Бутрос-Гали, министер за финансии на Египет и од саботата претседател на едно раководно тело во ММФ, ова го смета за огромен успех: „Сите ние, 185 земји-членки на Монетарниот фонд, се обврзавме за спроведување на овој Акционен план. Тоа е решавачко за повторно воспоставување на довербата.“

Планот предвидува кредитни гаранции. Влоговите на штедачите и инвеститорите треба да бидат ефикасно заштитени. Државата треба на повеќе различни нивоа да биде гарант на финансискиот систем.

Сега и Буш е за интервенција на државата!

Уште пред да биде постигната согласноста на членовите на ММФ, американскиот претседател Џорџ Буш се состана со министрите за финансии на индустриските земји, со

Symbolbild IWF und Finanzkrise

шефот на ММФ и со претставници на евро-зоната и притоа нагласи: „САД играат посебна водечка улога на патот кон решение на кризата. Поради тоа ја свикав оваа средба. Поради тоа нашата влада се обврзува и натаму да ги користи сите средства што и’ стојат на располагање за да се реши кризата.“

Во светот внимание сврти тоа што Буш, поборник на либерално пазарно стопанство, сега ја нагласува улогата на државата како централен фактор во решавањето на кризата.

Критики, но и подршка од земјите во подем и од Третиот свет

Претставниците на индустриските земји, пред се’ американскиот министер за финансии Хенри Полсон, на средбата на ММФ беа изложени на остри прекори дека кризата е резултат на слабиот надзор врз нивните финансиски институти. Сега се покажуваат сериозни системски слабости и груби политички грешки во земји кои досега ни беа презентирани како модел-држави, вели министерот за финансии на Бразил Гидо Мантега. Во секој случај, земјите во подем и земјите во развој го подржаа Акциониот план на индустриските нации. Сега треба да се покаже дали тој и навистина ќе дејствува.