1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ММФ: мрачни прогнози за германската економија

Според ММФ, актуелната светска рецесија во Германија ќе биде подлабока и подолготрајна отколку во другите западни индустриски земји. Германската економија оваа година ќе забележи пад од 5,6 проценти.

default

Полошо отколку што се очекуваше

Светската економија се наоѓа во длабока рецесија. Стапката на глобален економски раст, оваа година ќе биде намалена за 1,3 проценти. Додека големите држави во засилен развој, како Кина и Индија, се‘ уште ќе бележат позитивна стапка, економијата во традиционалните индустриски земји ќе страда. Најтешко погоден е развојот во Германија, поради големата зависност од извоз и споредбено слабата внатрешна потрошувачка. Брутодомашниот производ, според пролетните прогнози на ММФ, оваа година ќе бележи пад од 5,6 проценти. Додека во најголемиот дел други индустриски земји идната година се очекува мал стопански раст, според ММФ, во Германија тој ќе падне за уште еден процент. Ако светската економија доживее силен развој, Германија со нејзиното извозно ориентирано стопанство ќе се најде

Symbolbild Konjunkturprogramme

Германија ќе ги чека ефектите од конјуктурните пакети 1 и 2

во особено поволна положба. Кризата или слабиот светски економски развој, напротив, влијаат негативно.

ММФ инсистира на натамошни мерки

Главниот економ на ММФ, Оливиер Бланшард, имајќи ја предвид светската економија, зборува за ситуација која е блиска до депресија. Сегашната рецесија во Германија е најтешкиот пад на економијата од триесетите години на минатиот век. Најголемата рецесија по Втората светска војна во 1975 година доведе до пад на брутодомашниот производ за 0,9 проценти што, во споредба со сегашниот пад, е речиси занемарувачко. Во евро-зоната поголем пад отколку во Германија постои само во Ирска.

Додека германската влада и стопанството одбиваат трет конјуктурен пакет, ММФ инсистира на натамошно стимулирање на економијата преку државни мерки. Јерг Декрасин од Одделението за конјуктура, објаснува:

„Германија веќе презеде нешто за поддршка на стопанството. Заради тоа, изедначениот буџет од 2008 година се претвори во буџетски дефицит од пет проценти во 2009 година. Давачките се значајна поддршка за стопанството. Дефицитот во 2010 година ќе порасне на шест проценти од брутодомашниот производ. Дали Германија може да направи нешто повеќе? Одговорот е -

Deutschland Finanzkrise Hypo Real Estate Bank

Банките да се опорават што поскоро

’да’. Зашто, Германија има можност и според нас и треба да направи повеќе. Оваа земја во добрите времиња ги изврши домашните задачи за санирање на буџетот, од тоа може да има предност во тешките времиња.“

Германија не го прифаќа советот на ММФ

Германската влада не сака да го послуша овој совет, туку ќе сочека како ќе делуваат веќе донесените мерки за поддршка на конјуктурата во обем од 80 милијарди евра. Главниот економ на ММФ, Бланшерд во тоа гледа еден проблем, зашто голем дел од конјуктурниот пакет треба да служи за подобрување на инфраструктурата. Вакви мерки бараат обемно планирање. Така може да се случи нивното дејство врз конјуктурата и пазарот на труд да стигне по крајот на рецесијата.

ММФ апелира до големите индустриски држави да ги оспособат своите банки за повторно функционирање. Предуслов е ослободување на банкарските биланси од хартиите од вредност, кои сега се обезвреднети. Колку подолго ќе трае банкарската криза, толку подолготрајна ќе биде рецесијата. А колку подолго трае рецесијата, толку е полошо за финансискиот систем. Мора да се направи излез од овој затворен круг.


Автор: Карл Завадски / Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM