1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ММФ е загрижен за македонската економија

Македонската економија се соочува со многу структурни пречки во обидот да постигне брз економски раст,порачува ММФ

Лозарство во Македонија

Лозарство во Македонија

Економските перформанси почнаа да се подобруваат, но економијата сепак се соочува со многу сериозни структурни препреки кои оневозможуваат брз раст што ќе го крене стандардот на граѓаните поблиску до европското ниво. Ова е генералната оценка на Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај за Македонија објавен деновиве во пресрет на октомвриската рунда преговори со македонската влада. Од претходната монетарците си заминаа за Вашингтон задоволни од владината економска програма.

Владата има амбициозна програма, за овие реформи, многу, многу амбициозна, либералазација на телекомуникацискиот пазар, авиосообраќајот, да се намалат лиценците, борбата со корупцијата, судските реформи. Сите овие работи се многу важни и се дел од владината програма а за кои Македонија ќе добие поддршка од фондот. Ако се имплементира програмата, уверен сум дека ќе донесе импресивни резултати“, рече Марк Грифитс, шефот на тимот за Македонија.

Но, во извештајот фондот изразува загриженост дека најавеното намалување на даноците може да ја загрози тешко постигнатата макроекономската стабилност. Властите во Скопје, пак, ќе настојуваат да го убедат ММФ дека има место за пониски даноци.

Ќе излеземе со цврсти аргументи пред мисијата на ММФ дека мерките што ја чинат програмата за наредната година како што намалувањето на даноците, воведувањето на рамен данок, како и потребата од забрзани структурни реформи, макроекономската стабилност “, министерот за финансии Трајко Славевски.

Во извештајот, ММФ опширно и длабински ја анализира економската состојба во Македонија во сите сектори. Некои од поинтересните оценки се дека е зголемено менувањето на девизи во денари, но фондот неможе да утврди од каде се тие пари. Од надвор, прилив од турузам или од нерегистриран извоз. Или пак луѓето почнале да ги вадат парите од под перница, се прашуваат експертите од ММФ. Исто така ја отвараат дилемата дали навистина стапката на невработеност во Македонија е 37 проценти, но сепак признаваат дека и да не е толкава е сепак многу висока. Интересен е податокот до кој дошол фондот дека меѓу 20 и 25 проценти од македонските граѓани се надвор од државата, што значи дека околу 500 илјади луѓе од Македонија живеат во други земји. Сумите што ги тие испраќаат во татковината во последниве пет години се зголемени двојно, и значително со 18 проценти учествуваат во бруто домашниот производ на Македонија.