1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Млеко со афталоксин?

По скандалите со коњско месо и био-јајца во Германија изби нов скандал со храна: пченка загадена со канцероген габичен отров била преработена во храна за животни. Дали се загрозени луѓето кои пијат млеко?

Според информациите на властите, пченката потекнувала од Србија. Во неа било откриено дека гранични вредности од канцерогениот габичен отров афлатоксин Б1 од 0,02 милиграми по килограм храна, биле зголемени десетпати. 45.000 пченка пристигнале преку пристаништето Браке во Долна Саксонија. Во едно складиште во Бремен сега се запленети 25.000 тони, додека во Браке 10.000 тони.

Останатите 10.000 тони биле испорачани на 13 производители на сточна храна во Долна Саксонија. Тие ја продaле мешаната храна со загадена пченка на повеќе илјади земјоделски претпријатија, пред се’ во Долна Саксонија , но и во покраините Северна Рајна Вестфалија, Шлезвиг Холштајн, Мекленбург Предна Померанија, Бранденбург, Саксонија и Саксонија Анхалт. Во Холандија исто така била испорачана загадена храна, соопшти германското Министерство за земјоделство.

Aflatoxin Skandal Niedersachsen Serbien Farm in Dobanovci

Голем број сточни фарми во Германија ја користеле загадената храна

Контаминацијата беше откриена со рутински тест на млако во една фарма. Потоа при анализа од каде потекнува отровот, се утврдил во пченката испорачана од Србија. Според податоците на Министерството за земјоделство не може да се очекува во месото на товените животни, поради загадената храна да бидат пречекорени граничните вредности за отровот. Поинаку е со млекото, бидејќи според искуството и минимални пречекорувања на граничните вреднсти во храната за кравите водат до пречекорување на граничните вредности во млекото.

Контролорите сега проверуваат 938 млечни фарми, кои ја користеле храната, и истите се привремено затворени. Натамошните испитувања треба да ја дадат вистинската слика за размерите од ова загадување на храна.

Акутна опасност за потрошувачите сепак немало, бидејќи млекото од повеќе производители се меша во една цистрена и со тоа се разводнува отровот, се вели. При контролите за афлатоксин, според Здружението на земјоделците досега само една проба имала превисоки вредности на опасниот габичен отров. Производите не биле пуштени во продажба. Сите други контроли за афлатоксин во млекото минале без никакви забелешки.