1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Младиќ не доживеал нов мозочен удар

Судењето на Ратко Младиќ во Хашкиот трибунал е одложено до понеделник (16.07), поради тоа што тој се‘ уште е во болница на медицински испитувања.

Ратко Младиќ, кому му се слоши во текот на вчерашната расправа, е задржан во болница поради дополнителни прегледи, изјави денеска (13.07) судијата претседавач Алфонс Ори. Судиите денеска попладне треба да добијат нови информациии кои би можеле да влијаат на продолжување на процесот, напомена судијата Ори.

Адвокатот на Младиќ, Бранко Лукиќ, денеска во Хаг изјави дека на Младиќ му се слошило веројатно поради високиот притисок или зголеменото ниво на шеќер во крвта, а не поради мозочен удар.

„Со голед на тоа што Младиќ порано имал три мозочни удари, а вчера во судницата не можеше да ја крене десната рака и нога, се посомневавме дека повторно доживеал мозочен удар“, рече Лукиќ.

Обвинетиот имаше здравствени проблеми и во моментот кога беше уапсен во мај мината година. Сужбите на Хашкиот трибунал, според прописите, не даваат никакви соопштенија за здравствената состојба на притворените.