1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Младите не можат без старите

45 години театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ им ги нуди на публиката најдобрите остварувања на театарските куќи. Формулата за успех на македонскиот театар гласи-спој на младите и старите актери.

default

Со фестивалот „Војдан Чернодрински“, на штиците што значат живот, израснаа, созреаа, остареа и косите им побелеа на безброј актери, кои оставија белег на неговите страници, а на публиката и‘ подарија безбројни мигови на уживање. Во овој љубовен триаголник на публиката, актерите и театарот се одеше по нагорна линија, младите го користеа искуството на старите, а овие нивната свежа крв ја користеа како енергија да издражат се‘ до последниот ден , во пензија заминуваа со престава и со последните аплаузи на публиката. Но, тие се тука и да предупредат внимавајте доколку се потпрете само на својата младост може да се прекине нишката.

„Во подобра позиција се помалите ансамбли, во градовите како прилепскиот, струмичкиот, штипскиот, со тоа што не можат да се отфлат старите актери, се примаат млади и тој спој направи прекрасна симбиоза со која се оди напред и затоа и подемот е тука. Ако не заиграат заедно и старите и младите, без старите нема удар, и нема иднина театарот во Македонија, и затоа подем направи прилепскиот театар.“

Ова е пораката на еден од доајените на македонскиот театар Мите Грозданов, кој порасна и остаре со фестивалот, што му дава право од позиција на пензионер да ги посоветува младите.

Непостоење актерски компактни екипи

Ваквата формула за успех ја потврди драмскиот писател Блаже Миневски, но и прилепскиот театар кој надвор од републиката со преставата „Тапани во ноќата“ освои престижни награди.

„Имаме ние театри во Македонија кои немаат актери за да можат да издражат посериозни престави и затоа на фестивалот годинава, колку што можам да забележам, најголем дел се камерни престави со двајца-тројца актери, што е не само некаков однос кон тоа што преставува финасии во театарот, туку и неможноста да се направат поголеми поделби на актерски компактни екипи што во моментов јас мислам дека како енергија го поседува прилепскиот театар, затоа последниве години тој направи најквалитетни престави во однос на другите театри.“

Prilep Marktplatz, Mazedonien

Прилеп, домаќин на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“

Нагорната линија по која оди тетарот го радува и му нуди задоволство во изборот и на селекторот на фестивалот „Војдан Чернодрински“, Петар Темелкоски.

„Радосно е што оваа година има разноличност во репертоарот на театарот. Квалитетот од година во година оди се‘ нагоре и нагоре. Тоа е забележливо, радосно и добро за целиот тетар во Македонија. Се гледа дека нашите театарски работници ги следат сите нови тенденции во татарот вон Европа а и подалеку“.

Колку и да и го подариле целиот живот на публиката, лауреатите можеби имаат неодсонувани соништа и неодиграни, а посакувани ролји. Нив ќе ги одиграат некои други звезди, сепак фестивалот „Војдан Чернодрински“ и овој пат беше можност за нивна заедничка средба.

Автор: Златка Пурковиќ

Редактор: Жана Ацеска