1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Младите македонски кошаркарки без натамошен пласман на Европското првенство

Женската репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во четвртфиналето на Европското првенство за играчи до 18 години, дивизија Б, кое се одржува во Струмица, откако синоќа загуби од Летонија со 79:49.

По изедначениот почеток, Летонките направија серија од 10:0 и стигна до водство од 14:6. Разликата во првото полувреме постојано се движеше околу 10 поени, а реализацијата, односно играта во нападот, повторно беше главен проблем за македонските кошаркарки. На полувремето гостинките водеа со 35:20.

Македонија се обиде резултатски да се врати во игра во вториот дел, но „црвено-жолтите“ промашија повеќе слободни фрлања и не успеаја да се доближат до резултатот на Летонија.

Со 9 поени најефикасна во македонската репрезентација беше Александра Стојановска, додека 8 постигна Ивана Кметовска.

Македонија ги загуби шансите за пласман во втората фаза, а групната фаза ќе ја заврши на четвртото место. Во последното трето коло од оваа прва фаза, утре (почеток 20.30 часот) во салата „Никола Карев“ во Струмица, нашиот состав ќе се сретне со Белорусија.