1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Младите Иранци се убедени во терориите на Ахмадинеџад?

Писмото на иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад до претседателот Џорџ Буш,, од страна на претставници на американската влада е означено како “филозофска општа пресметка“ со американската надворешна политика. Во писмото, како што вели Вашингтон, нема ништо конкретно околу иранската атомска програма. Американската влада смета дека првиот контакт на Техеран со САД по 27 години е смислен маневар

default

.

За време на преговорите со министрите за надворешни работи на Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија, шефот на американската дипломатија, Кондолиза Рајс мораше опширно да зборува за содржината на иранското писмо до Буш. Потоа, пред новинарите изјави:

“Ова писмо не е основа врз која би можело да се најде нов почеток околу атомскиот проблем и актуелните прашања.“

Американската влада во моментов се обидува заедно со Франција, Велика Британија и Германија, да ги натера Кина и Русија да се согласат со резолуција која би го принудила Иран меѓународноправно да се откаже од својата атомска политика.

Кај иранскиот опозиционери кои се во егзил во САД, ваквата политика наидува во голема мерка на одобрување. Меѓутоа, мислењата се спротивставени кога станува збор за тоа – што да се прави ако Иран се противи. Само мал број од нив посакуваат американска воена интервенција. Влијателниот “Ирански демократски проект“ се залага за пресврт кој би дошол одвнатре. За ваквата цел, Вашингтон би требало да почне дијалог со Техеран и за претставништво какво што Американците имаат во Хавана, за на тој начин да и се даде подобра поддршка на иранската опозиција. Азагдех Моавени, новинарка на Тајм, смета дека режимот во Иран со атомскиот спор не само што не е ослабен, туку е дури и зајакнат. Пред се меѓу луѓето помлади од 35 години:

“Уште пред само една година немаше силен, колективен став на младите околу атомската програма. Денеска владее сосема друга атмосфера. Младите припадници на средната класа се убедени од националистичката реторика на претседателот, дека право на Иран е да има атомска програма и дека е тоа фундаментот за јачината на земјата во регионот и светот. “