1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Младите доселени Евреи од Источна Европа преземаат одговорност за религиозниот живот

Голем број од младите Евреи во Германија кои со своите семејства се доселија во земјата од Источна Европа на почетокот на 90-те, се целосно посветени на нивната религија и заедница. Што значи за нив да се биде Евреин?

default

Во Германија се отвораат нови синагоги: внатрешноста на новиот храм во Берлин

Околу 190.000 еврејски доселеници дојдоа во Германија од Источна Европа по распадот на Советскиот сојуз. Меѓу нив беа и Јевгениј Зингер и Ирина Розензафт. И додека нивните родители речиси и да не знаеја што значи да се биде Евреин, Јевгениј и Ирина целосно се идентификуваат со сопствената религија и сакаат своите верувања активно да им ги пренесат на помладите генерации.

Евреите во Советскиот сојуз речиси и да немаа контакт со религијата

Ирина Розензафт имаше 12 години, беше бесна и не ги разбираше своите родители: „Кога слушнав дека моите родители донеле одлука да емигрираат во Германија, а не во Израел, тоа за мене беше налик на катастрофа“.

Juden in Deutschland Schüler Regensburg

Младите еврејски доселеници од поранешниот Советски сојуз во Германија повторно ја откриваат религијата на нивните дедовци и баби

За родителите на Ирина меѓутоа преселбата од Украина во Германија беше прагматична одлука. Овде животот беше посигурен отколку во Израел, а Германија и дополнително им го олесни доселувањето. Покрај тоа родителите на Ирина не беа приврзани кон нивната религија. Исто како и родителите на Јевгениј Зингер:

„Токму нашите родители и’ припаѓаа на генерација, која имаше сосема мал контакт со еврејството. Тие оделе во советско училиште, каде секој ден се велело дека нема Бог и оти религијата не е добра. Не верувам дека моите родители верувале во тоа. Ценам дека тие се паметни луѓе, но едоставно немале голем избор.“

За еврејството дознававме од бабите и дедовците

Во Советскиот сојуз религијата беше потиснувана. Евреите не смееја да ја практикуваат својата вера и беа прогонувани. Она нешто малку, што Јевгениј и Ирина го знаеја за еврејството до распадот на Советскиот сојуз, го беа научиле од нивните баби и дедовци:

Juden in Deutschland Rabbiner in Regensburg

Рабин во синагогата во Регенсбург: во Германија можат слободно да ја негуваат традицијата

„Значи до 1991. - 1992. година нормално знаев дека сум Евреин. Меѓутоа, тоа всушност првпат го дознав, кога имав четири години, зашто постојано прашував: кои сме ние всушност? Луѓето надвор се Руси, Украинци, а ние? И баба ми ми рече: Ние сме Евреи!“

Дури по 1990. година во Украина повторно беа отворени синагоги. Во земјата дојдоа еврејски организации, беа основани еврејски училишта, кои ги посетуваа Ирина и Јевгениј. По преселбата кон Германија и двајцата започнаа да се ангажираат за својата заедница. Јевгениј дојде во Франкфурт и започна многу да чита за еврејството и знаењето им го пренесуваше на родителите. Заедно со нив тој посетуваше семинари за еврејската култура и беше активен во младинската секција на еврејската заедница.

Живот според еврејските правила

Ирина по нејзината преселба во едно мало место во германската покраина Шлезвиг-Холштајн водеше еден еврејски младински центар, а кога дојде на студии во Франкфурт и таа како и Јевгениј стана член на управниот одбор во еврејското младинско и студентско здружение во покраината Хесен. Нејзините родители сметаа дека таа премногу се ангажира на религиозен план и стравуваа дека политичките студии би можеле да страдаат поради тоа. Меѓутоа Ирина не е подготвена помалку да се ангажира: „Веќе денес ние преземаме одговорност за наредната генерација и за целиот еврејски живот во Германија и јас го гледам тоа како моја лична задача и како мој начин да бидам Еврејка.“

Deutschland Juden Zentralrat Leo Baeck Preis 2007 an Angela Merkel

Канцеларката Ангела Меркел минатата година ја доби наградата „Лео Бек“ за заслуги во дијалогот меѓу евреите и христијаните во Германија

Ирина и Јевгениј се чуствуваат одговорни за еврејството и сакаат тоа и натаму да живее. Меѓутоа нивниот ангажман е невообичаен. Студенското задружение во Хесен има преку 500 членови. Секоја недела во Франкфурт се нуди традиционална прослава на Шабат, се организираат приредби за еврејската култура и традиција, дискусии за дијалогот со други религии или забави и заеднички кино посети. Ирина и Јевгениј веќе одамна живеат според еврејските правила и во меѓувреме чувствуваат еврејски идентитет, кој речиси и да не можат да го опишат, но затоа повеќе не би сакале да се откажат од него.