1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Младите Грци бараат работа во Германија

По длабоката финансиска криза во која западна држата, младите Грци не гледаат иднина за нив во татковината. Затоа се’ повеќе млади луѓе доаѓаат во Германија да си ја најдат среќата.

Illustration: Auf einer Griechenland-Fahne liegen Münzen, aufgenommen am Mittwoch (22.06.2011) in einem Griechischen Restaurant in Dresden. Der drohende Finanzkollaps in Griechenland wird zu Debatten der EU-Staats- und Regierungschefs bei ihrem am Donnerstagabend (23.06.2011) in Brüssel beginnenden Gipfeltreffen führen. Entscheidungen zu neuen Hilfen sind aber laut Einladungsschreiben nicht geplant. Foto: Arno Burgi/lsn

Голема криза во Грција

За Фрагискос Лемонис грижите во неговата татковина станаа преголеми. Тој е графичар по струка и без работа повеќе од една година. Пред три дена дојде во Берлин - да си ја проба среќата! „Шансите во Грција? Нула! И тоа не само во мојата бранша, туку во сите бранши. Само на политичарите им е добро!“

Крчмата на Костас Папанастасиу последниве месеци стана еден вид Завод за вработување на млади Грци. Тој живее веќе 50 години во Берлин и има одлични врски во угостителските кругови. Наспроти тоа не може да им помогне на сите Грци, кои бараат помош од него. „Денеска бевме на две-три места и таму ни рекоа: остави го телефонскиот број, ќе ти се јавиме. На ниедно место не рекоа: дојди в понеделник на работа. Младиве најсрдечно ми се заблагодарија, но не знам како им беше во душата!“

Иако Фрагискос уште не зборува ни еден збор германски, тој сепак верува дека шансите во Германија му се подобри од оние во Грција. „Секако дека посакувам да најдам работа како илустратор. Но, ако тоа не оди или ако треба повеќе време за да најдам таква работа, можеби ќе најдам нешто друго, се’ едно што, не се плашам од никаква работа.“

Како прифатлиште служи и грчката православна општина во Берлин

The unemployed Yannis Anastasiou (Janis Anastasiu) speaks on DW; Athen, Kuli 2011; Copyright: DW/Nikos Anagnostou

Јанис Анастазиу, млад Грк без работа

Отецот Емануел раскажува дека секоја недела гледа нови членови на општината, кои штотуку допатувале од Грција. Ширум Германија ги има во просек по 1.400 месечно.

„Има многумина млади, кои можеби и онака сакале кога-тогаш да работат во странство. Но, има и такви со по 40, 45 и 50 години, на кои воопшто не им било во план да заминат за Германија. Никогаш не би ни помислиле да одат во странство. Тие се очајни, не знаат што да прават во Грција за да ги прехранат семејствата и да им обезбедат некаква иднина!“

Крчмарот Папанастасиу деновиве се потсетува на времето од почетокот на 60-тите кога и самиот дошол како еден од илјадниците гастарбајтери во Германија. „Германската атмосфера беше подготвена, луѓето овде беа подготвени за доаѓањето на гастарбајтерите. Сега не се подготвени ни Германците, бидејќи си имаат мини-криза со работни места, со приматели на социјална помош и слично. А и ние не сме подготвени, Грците кои живееме овде. Не знаеме колку луѓе ќе дојдат, ниту пак што да правиме со нив.“

Германија е поубава од Грција

03.05.2011 DW-TV MADE IN GERMANY Griechen 2

Многу луѓе ја бараат среќата во други земји

Крчмарот можел да и’ помогне барем нејзе. Каролина Ѓанараки дошла пред два месеца во Берлин и тоа со познавање на германскиот. Таа инаку завршила за козметичарка и се надева дека наскоро ќе може да ја закачи келнерската престилка на клинче. „Сакам да си најдам добро место во мојата струка, за која учев. Ако ми појде од рака, ќе останам овде. Убаво е овде, Берлин е убав, поинаку е отколку во Грција.“

На крчмарот Папанастасиу деновиве не му е често до славење, но како што самиот вели, шоуто мора да продолжи, наспроти лошите вести од Грција. „Секој си бара излез за наредните денови, секој си бара перспектива за задутре, затоа што не се знае како ќе биде утре.“ Грчкиот блуз веќе одамна се одомаќини во Германија!

Автор: Флориан Нуш / Горан Чутаноски

Редактор: Ж.Ацеска