1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Младите германски фудбалерки по вторпат светски шампиони

Токму со својот најслаб настап на турнирот, германските фудбалерки под дваесет години, по вторпат станаа светски шампиони. Тие го победија тимот на Нигерија со 2:0. Титулата првпат беше освоена во 2004 година.

default

Младинскиот тим вторпат на тронот

Иако Александра Поп уште во осмата минута се погрижи за водство, германскиот тим не успеа да завладее со топката, како што беше случај во останатите партии. Нигеријките беа првиот африкански тим што успеал да стигне до финалето на турнирите на ФИФА и беа очекувано тежок противник. Меѓутоа, Германките и самите многу си отежнаа, бидејќи за разлика од претходните натпревари, овојпат играа многу посебично и не толку тимски. Победата беше неизвесна буквално до последните минути. Вториот погодок за германската репрезентација го постигна Ким Кулиг во 90 минута и со тоа натпреварот заврши со 2:0 за младите германски фудбалерки.

Германскиот женски фудбал ветува многу

WM Fussball U20 Frauenfussball

Александра Поп го постигна првиот погодок за Германките

Иако репрезентацијата токму во финалето не беше доволно убедлива, може да се извлече заклучок дека не постои причина за страв за иднината на германскиот женски фудбал. Во шесте одиграни натпревари, избраничките на тренерот Марен Мајнерт покажаа дека поседуваат големо разбирање на играта. Играчките и технички способности на некои од фудбалерките како Силвија Арнолд или Џенифер Марошчан предизвикаа восхит и веќе немаше трага од порано исмеваниот слаб шут на девојките, како што докажаа не само Александра Поп и Ким Кулиг.

Една година пред СП во женски фудбал, што исто така се одржува во Германија, Силвија Најд, тренер на германската репрезентација, може да биде повеќе од задоволна од подмладокот. СП во фудбал за жени под 20 години, меѓутоа, не беше успешно само од спортски поглед. Се одиграа 32 натпревари, што ги посетија четиристотини илјади посетители, поставувајќи нов рекорд.

Автор: Волфганг ван Кан / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска