1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Младите во Македонија учат, но малку работат

Младите во Македонија сакаат да се образуваат, да студираат во странство, но малку работат. Слободното време најмногу го користат во безделничење дома или во кафулиња. Алкохолот и цигарите им се најголеми пороци.

default

Прилепчанецот Зоран Илиевски е извршен директор на коалицијата од 29 невладини организации „Сега“, која ги истражува, поттикнува и афирмира трендовите меѓу младите, се бори за остварување на нивните права во локалните средини, но и на државно ниво. Ја истуркаа стратегијата за млади, а сега го подготвуваат и теренот за донесување на законот за млади.

Илиески за Дојче веле ги образложи резултатите од истражувањето на коалицијата во 13 градови низ Македонија за тенденциите меѓу младите во однос на нивното образование, секојдевно живеење, слободно време, девијантни појави....

„Анализата покажа дека младите сакаат да се запишуваат на унивезитетите, а посебно на државните универзитети. Таа покажа дека дури 58 отсто од младата популација е меѓу вкупниот број невработени лица во Македонија. Од нив најмногу се со средно образование, потоа доаѓаат оние со фалкултетска диплома, и на крајот магистрите и докторите на науки“, објаснува Илиески, дополнувајќи дека за прв пат се добива приближно точниот број на невработени млади во вкупниот број невработени во Македонија.

Според Илиески, младите најголем дел од своето слободно време го минуваат пред компјутер, пред телевизор или во кафулињата, додека во последно време се‘ поголем дел од него тие трошат и на играње спортска прогноза, односно во обложувалниците. 24,7, односно 28 отсто од слободното време младите го минуваат дома или по кафулиња, што покажува дека тие времето го минуваат неквалитетно.

„Ова е исто така загрижувачки момент, затоа што младата популација е неактивна, а тоа подоцна може да се одрази и на нивната некативност, нивната повлеченост и деликвенција“, додава Илиески.

Да се учи е добро

Mazedonien Land und Leute Mann und Frau auf Parkbank

Најголем дел од слободното време се минува по кафулиња

Во однос на образованието, истражувањето покажа дека тренд меѓу младите е да се запишуваат на факултети во што поголем број, но и да одат понатаму - на постдипломски и докторски студии. Изненадување од анализата е дека најголем дел од студентите се свесни дека нивото на корупција во високото образование е високо, што патем го намалува квалитетот на образованието, а го зголемува чувството дека не се добро надградени за слободно да продолжат во животот. Се жалат, дека имаат многу малку практична настава, па затоа бараат поврзување на факултетите и бизнис секторот, за да се создаде линк кон бизнис заедницата и паралелно со студирањето да се стекнуваат со вештини за тоа што го учат. Истото важи и за средното образование.

Не сакаат да одат во странство?!

Младите, генерално не сакаат да заминуваат во странство, што е мало изненадување во однос на важечкото мислење меѓу младата популација. Но, и тука не се унисони:

Themenbild Schule und Studium 02

Да се студира во странство...

„Да студирам во странство и евентуално да останам да работам таму, да се преселам, затоа што тука нема иднина каква што јас очекувам. .....По дипломирањето да не чекам многу работа, односно да бидам долго време со статус невработена..... Доколку ги направам моите постдипломски студии во странство сакам да останам на пракса таму и да се вратам и да направам нешто во мојата држава, затоа што сите гледаат излез надвор, да бегаат на страна, а не да се вратат и нешто да променат за Македонија да може да живне....“, велат младите во анкетата што ја спроведовме на еден од скопските факултети, меѓу студентите од различни години на студирање.

Пушат и пијат

Томислав Гајтаноски, кој од април до септември истражуваше меѓу младите од Македонија, на возраст од 15 до 30 години, смета дека анкетата во однос на девијантните појави покажа дека најголеми пороци кај младите се алкохолот и пушањето, а дури на трето место доаѓаат хазардните игри.

Rauchen in Gegenwart von Babies und Kindern

Пушењето е еден од најголемите пороци на младите

„Причина за тоа е лошата економска состојба, негрижата на семејството и незаинтересираноста на младите луѓе за работа. Овие појави, пак, доведуваат до маргинализирани групи, кои потоа имаат проблем да се интегрираат во општеството“, вели Гајтаноски.

„Прва девијатна појава кај младите е алкохолот. Интересно е дека дрогите не се појавуваат како тренд. Алкохолот и пушењето се главни девијантни појави кај младите: иако се донесени законите за забрана на точење алкохол и забраната за пушење на јавни места, тие се‘ уште се на првите две места, што наведува на заклучокот дека кај законот за забрана за точење алкохол на младите нешто не ’штима’. Или треба да се направи измена во законот, или да се зајакне контролата на законот, кој веројатно не се применува во пракса“, вели Зоран Илиески од коалицијата „Сега“ за трендовите меѓу младите во Македонија .

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска