1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Младите во Македонија - движечка сила за демократија

Годината што изминува ќе биде запаметена по протестите во светот за поголема демократија, повеќе човекови права и слобода на медиуми. Како младите го оценуваат развојот на демократијата во Македонија?

default

Младите на протести во Скопје

Средношколците и студентите се на мислење дека на ова прашање треба повеќе да се работи. Велат дека во Македонија има делумно слободни медиуми, недостиг на дебата, присутна е дискриминација, а сите граѓани не се еднакви пред законите.

„Мислам дека демократијата во нашата држава не е на многу високо ниво. Нама јавни дискусии за проблемите. Ретко се случува јавните личности да присуствуваат на дебати, а токму со повеќе дискуси треба да се отвори простор за развој на демократијата. Исто така сите граѓани не се еднакво слободни да го кажат тоа што сакаат. Во Македонија има дискриминација на повеќе нивоа, а можат да се забележат предрасуди и стереотипи кон одредени групи“, вели Милка Ѓоровска, 4-та година во средното училиште Јосип Броз Тито во Скопје.

Тијана Катушевска е нејзина врсничка и дебатер во невладината Младински образовен форум. „Демократијата во Македонија е во развој. Има обиди да се развиеме, но треба уште многу да работиме за да го постигнеме нивото кое го има во развиените западни земји. Во нашето општество постојат многу нерамноправности, постои дискриминација, не само во поглед на националноста туку и во поглед на економската состојба итн. Сметам дека улогата на невладиниот сектор треба да биде клучна во развивањето на свеста дека сите сме еднакви“.

Internationale Terrorismus Konferenz in Madrid

Лазар Поп Иванов е магистер на Правниот факултет. Тој смета дека младите во Македонија се движечка сила во борбата за повеќе демократија. Во разговор за Дојче веле Иванов даде оценка за нивото на демократијата во образовните институции.

„Мислам дека постои огромен простор за подобрување на моменталната ситуација. Потребно е демократизирање на студентското организирање. Во тој процес треба да се вклучат повеќе индивидуалци и организации. На тој начин ќе се создаде подемократско студентско организирање кое потранспарентно ќе работи во интерес на самите студенти.“

Пратениците од власта: никогаш доволно демократија

Оваа недела невладината МОФ по третпат го организираше настанот „Аргумент“ на кој пратеници, претставници на најголемите политички партии ги спротивставија своите ставови на тема: дали во Македонија (не)постои доволно дебата за развој на демократијата. Афирмативната страна ја застапуваа Александар Спасеновски и Влатко Ѓорчев, а спротивната Радмила Шекеринска и Игор Ивановски. Во дебатата учествуваа македонски новинари и бројната публиката која имаше право на прашања и коментари.

Nikola Gruevski - Mazedonischer Ministerpräsident - Wahlkampfrede.jpg

Влатко Ѓорчев и премиерот Никола Груевски (архива)

Започна тимот кој ја бранеше тезата. Нивниот став е дека во Македонија има доволно дебата и демократија, но може да има повеќе. Според нив тоа го покажуваат јавните седници во Собранието, а дискусија постои преку интернетот и социјалните мрежи велат пратениците од владеачката партија.

„Кога зборуваме за демократија – никогаш не може да има доволно демократија, никогаш доволно од дебата и доволно слобода за граѓаните на Македонија. Доколку ги земеме како пример и најразвиените европски и светски демократии и таму можеме да видиме дека постои незадоволство од начинот на кој функционира парламентарната демократија и во која насока се развива целокупната дебата“, истакна Александар Спасеновски.

„Совршеноста и идеалното никогаш не се достигнува, секогаш се стремиме кон тоа, но никогаш не го постигнуваме. Дали во Македонија има доволно дебата или нема? Јас би рекол дека апсолутно има во Македонија дебата, но апсолутно дека треба да има уште повеќе како и во секое општество на земјината топка“, вели Влатко Ѓорчев.

Пратениците од опозицијата: демократија во застој

Негациската страна излезе со сосема спротивни мислења. Во Македонија нема ниту дебата, ниту демократија. Во парламентот има власт која гласа и опозиција која критикува. Тука нема никаква дебата и интеракција. Во парламентот се

Mazedonien Wahlen 2011

Радмила Шекеринска (архива)

дискутира на многу теми, но на најважното прашање, а тоа е проблемот со соседот околу користењето на уставното име на Македонија се молчи, велат пратениците од опозицијата.

„Кога во една држава се молчи на најважните прашања, тогаш нема ниту демократија, ниту пак дебата“, истакна Радмила Шекеринска.

„Демократијата е како возење на велосипед, при што за да се оди напред мора да се вртат педалите, во спротивно се паѓа, а во Македонија одамна педалите не се вртат“, вели Игор Ивановски.

„Дијалог на глуви“

Имаше прашања и коментари и од публиката составена главно од млади, и новинарите излегоа со нивни оценки за дебатата и демократското однесување на политичарите. Снежана Лупевска истакна дека оваа дебата би ја насловила како „дијалог на глуви“, бидејќи двете страни не се разбираат што сакаат да си кажат. Таа упати критики кон лидерите на најголемите политички партии за нивниот приод и отвореноста кон медиумите. Оливера Трајковска пак го наметна прашањето: дали публиката сака повеќе дебата? Нејзиниот став е, аудиториумот не сака да слушне повеќе од понуденото. Мухамед Зекири заклучи дека во земјава нема доволно дебата, но изрази надеж дека во иднина ќе има повеќе.

Автор: Владимир Калински

Редактор: Александра Трајковска