1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Младиот баварец со две признанија

По финалето на ФИФА - СП во фудбал традиционално беа прогласени и најдобрите поединци на шампионатот. 20 годишниот германски репрезентативец Томас Милер, притоа ги понесе титулите: најдобар млад играч и најдобар стрелец.

default

Томас Милер

За најдобар играч на СП во Јужноафриканската Република беше прогласен извонредниот напаѓач на Уругвај, Диего Форлан. Тоа, од една страна, претставува изненадување со оглед дека тој не доаѓа од победничката екипа или барем од другиот финалист, но од друга страна, Форлан играше уверливо на секој натпревар, постигнуваше голови и беше вистински лидер на репрезентацијата на малата јужноамериканска земја која стигна толку далеку на СП.

Fußball WM 2010 Südafrika Spiel um Platz 3 Deutschland Uruguay

Диего Форлан

Во гласањето за добитникот на „Златната топка“ од страна на меѓународните претставници на печатот на мундијалот, Форлан собра повеќе гласови од можеби најголемите конкуренти - Холанѓанецот Весли Снајдер и Шпанецот Давид Виља.

За најдобар голман на турнирот, односно наградата „Златна ракавица“, ја освои чуварот на мрежата на Шпанија, Икер Касиљас кој своите најдобри партии, токму како и целата репрезентација, ги даде кога беше најпотребно - во завршницата на првенството.

Пред Форлан, Виља и Снајдер

Fußball WM Finale Spanien Niederlande Weltmeisterschaft Siegerehrung

Икер Касиљас со шампионскиот пехар

И Германија се разбира има огромна причина за задоволство. Покрај бронзениот медал, Германците можат да се пофалат дека од нивните редови доаѓа најдобриот стрелец и најдобриот млад играч на шампионатот, две титули кои ги обедини еден играч - 20-годишниот Томас Милер.

Милер, кому изминатата сезона му беше прва како професионален фудбалер во Бајерн Минхен, блескаше на мундијалот. Тој постигна пет голови, исто како и Диего Форлан, Давид Виља и Весли Снајдер, но благодарение на новото правило на ФИФА, кое за ваков случај предвидува и сметање на асистенциите, Милер успеа да ја освои „Златната копачка“. Тој имаше три успешни додавања за гол, додека неговите конкуренти само по едно. По легендарниот Герд Милер во 1970 година и Мирослав Клозе во 2006 година, Томас Милер е третиот Германец што ја освоил оваа титула.

Убава иднина за скромниот Милер

WM Südafrika 2010 Deutschland vs Argentinien

Милер при постигнувањето на голот против Аргентина

Иста е ситуацијата и со наградата најдобар млад играч. Пред Милер неа ја освои Лукас Подолски во 2006 година и прочуениот „Кајзер“ Франц Бенкенбауер во 1966 година.

И покрај сите награди пофалби за извонредната игра и пораснатата цена на фудбалскиот пазар, младиот Баварец не го загуби тлото под нозете: „Не сакам да се лажам дека јас сега сум најголемиот со 1,86 сантиметри. Ние го имаме и Пер Мертезакер, кој е многу поголем од мене“, коментираше Милер, кој секогаш е подготвен за шега.

Но, во неговиот коментар има многу вистина, со оглед дека настапите на Милер на првенството беа дел од извонредната игра на младата германска репрезентација, во која блескаа повеќе поединци. Освен на мечот против Шпанија, Германците играа можеби најдопадлив напаѓачки фудбал на мундијалот. Така беше и во малото финале и победата против извонредниот Уругвај со 3:2.

Автор: Штефан Нестлер/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска