1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Младешки бунт или сериозни неофашистички побуди?

Охрид за само неколку месеци повторно е вознемирен од инцидент со неонацистичка конотација. Експертите сметаат дека ваквите инциденти не претставуваат оживување на фашистичката идеологија во Македонија.

default

Охрид одново во шок

По само три месеци во Охрид повторно се случува инцидент кој има неонацистичка заднина. Летото во август тоа се случи преку маичките со ликот на Хитлер кои се продаваа на отворено низ старата охридска чаршија а сега преку графити со неонацистички пораки и симболи испишани на стаклата, ѕидовите и бетонските површини во дворот на основното училиште Свети Климент Охридски. Една од пораките вели: „Добредојдовте во Хителровската храбра коалиција “ И досега сме биле сведоци на графити , но тие никогаш немале ваква содржина во кои има и закани кон вработените, вели директорката на училиштето Славица Илиќ.

Учителите и родителите го осудуваат ваквиот вандализам

„Јас сум изненадена, многу тажна и револтирана во моментов. Ова не е прв пат нашето училиште да осамнува со графити.Но со олкава мерка и со вакви директни фашистички и неофашистички пораки не сме имале навистина момент да видиме во ниту едно училиште. Очигледно е дека некој не сака да одиме напред.Сака да не запре на тој пат .Сепак ние ќе го реализираме она што сме го наумиле.“

Durchgestrichenes Hakenkreuz Rechtsextremismus Verbot von anti-faschistischen Symbolen

И додека во Германија постои организирана неонацистичка сцена, во Македонија повеќе станува збор за младешки бунт-велат експертите

Родителите беа видно вознемирени од вандалскиот чин. Се организираа и веќе ги избришаа националистичките пораки и кукастите крстови кои ја симболизираат силата на некогашниот Трет рајх. Царева Рувинова член на Советот на родители вели:

„Прво многу се вознемирив кога ми се јави директорката на училиштето и веднаш дотрчав во училиштето.Многу се изненадив од ова што го видов. Навистина ова е дело кое е за осуда. Ние веднаш ке реагираме ова да се исчисти и никогаш да не се повтори.Би требало во училиштево да има чувар или да се постават камери. Сето ова да се снима 24 часа, да се пронајде виновникот и да се осуди еден ваков вандализам.

Инцидентот не претставува враќање кон екстремни идеологии

Со и преку графитите никако не би смеело да се смета дека идејата за фашизмот оживува на охридско а со тоа и на македонско тло, смета професорот по социологија Илија Ацески од Филозофскиот факултет во Скопје.

„Ова се само психолошки скриени моменти или делови кај овие млади луѓе. Особено кога тие делуваат во група. Јас не гледам некое друго објаснување дека тоа е враќање на нацизмот и на некои екстремни иделогии. Реков и ќе повторам тоа е помалку или повеќе поттикнато во рамките на група млади луѓе која сака своето јас да го потенцира на ваков начин . Екстремно, свесни за тоа дека општеството или околината ќе ги осуди или ќе се говори за нив .“

Полицијата уште вчера отпочна истрага и ги собра сите релевантни докази. Во Скопје министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска запрашана за коментар околу овој случај кусо одговорила дека не е запозната со случајот и дека деталите треба да се бараат во локалната полиција. Од таму нови детали барем засега нема. Слично се случи и пред неколку месеци . Истрагата околу дистрибуцијата на маички барем официјално не беше соопштено дали завршила и дали некој одговара за тоа.Шокот во Охрид е дотолку поголем бидејќи токму денеска училиштето Свети Климент Охридски започна прво во Охрид едносменска работа следејќи ги принципите и критериумите на патот кон Европа. Покрај тоа деновиве со низа свечености се одбележува сто и десет годишнината од неговото постоење. Тоа е најстарото училиште во Охрид и го носи името на просветителот и заштитиник на Охрид, Свети Климент.