1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Младенов- нов специјален пратеник на ОН за Ирак

Поранешниот бугарски министер за надворешни работи Николај Младенов е именуван за специјален пратеник на ОН за Ирак во период на засилен пораст на насилството во оваа земја.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун синоќа (02.08.2013) го именуваше бугарскиот дипломат Николај Младенов за свој специјален пратеник за Ирак, во услови кога безбедносната состојба во оваа блискоисточна земја е влошена по серијата бомбашки напади на сунитските бунтовници.

41-годишниот Младенов, кој од 2009 до 2010 беше бугарски министер за одбрана а потоа од 2010 до март 2013 година, беше шеф на бугарската дипломатија, на новата функција ќе го наследи германскиот дипломат Мартин Коблер, кој е именуван за специјален пратеник на Бан за Демократска Република Конго.

Бан пред неколку дена изрази вознемиреност поради порастот на насилството во Ирак и апелираше до ирачките лидери да „ја извлечат земјата од работ“ и да „не им оставатт простор на оние кои планираат да го искористат политичкиот застој за насилство и терор“.

Во верски мотивираните напади во Ирак во текот на јули загинаа најмалку 1.000 лица, што е најголем месечен биланс на жртви во земјата од 2008 година. Новиот специјален пратеник Младенов мора „своето внимание да го насочи на тоа прашање“ , изјави портпаролот на ОН, Мартин Несирски.