1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мињон: Проблемот со името е смешен и доаѓа од некое друго време

Жан Клод Мињон, новиот претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа денеска (23.01) во Стразбур истакна дека паневропската асамблеја треба поактивно да се вклучи во решавањето на проблемот со името.

default

Жан-Клод Мињон, нов претседател на ПССЕ

Проблем со името, според Жан-Клод Мињон припаѓа кон таканаречените „замрзнати конфликти“ меѓу земјите членки на СЕ. Според францускиот пратеник, кој доаѓа од редовите на Народните партии, проблемот со името е „смешен“ и „тој доаѓа од некое друго време“.

Новоизбраниот претседател на ПССЕ, претставувајќи ги приоритетите на неговиот мандат, истакна дека ПССЕ треба да игра поактивна улога во решавањето на таканаречените замрзнати проблеми меѓу земјите членки на Советот на Европа.

На прашањето на Дојче Веле, дали според него може во групата на „замрзнати конфликти“ да се стави и тој со името на Република Македонија, која е единствената земја членка на Советот на Европа која членува во него со привремено име и дали може да се очекува иницијатива за надминување на проблемот, Жан Клод Мињон одговори:

„Изумив да го споменам овај конфликт. Заборавив дека поминавме и му посветивме многу време на обидот да изнајдеме едно име за оваа земја. Проблемот навистина ми изгледа ’смешен’, извинете за изразот. Но се разбира дека и тука треба да направиме нешто. Се разбира, во решавањето на овој проблем секој треба да се ангажира од своја страна. Ние добро ја познаваме поранешна Југославија и распаѓањето на федерацијата по смртта на Тито и се‘ она што се случи во сите републики. Тоа што денес имаме мака да ’најдеме едно име’ за една од тие поранешни републики ми изгледа како проблем кој доаѓа од некое друго време. Јас заборавив да го споменам овој ’замрзнат конфликт’, но во суштина ние ќе треба да разговараме за него со надлежните власти“, изјави новоизбраниот претседател на ПССЕ, Французинот Жан-Клод Мињон.

Жан-Клод Мињон денеска со акламација беше избран за нов претседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Тој е 26-ти по ред претседател на ПССЕ, шести од Франција, која по цели 23 години повторно има свој политичар на оваа престижна функција. Жан-Клод Мињон беше единствен

Frankreich Türkei Europarat Mevlüt Cavusoglu

Мевлут Чавушоглу, досегашен претседател на ПССЕ, зборуваше за пописите на Балканот

кандидат за претседател и тој доаѓа од редовите на Народните партии и демохристијани - најголема во ПССЕ со 207 парламентраци. Досегашен претседател на ПССЕ беше турскиот парламентарец Чевлут Чавошоглу.

„Среќни“ поради одлагањето на пописот во Македонија

Чавошоглу одговарајќи на новинарско прашање околу одлагањето на пописот во Македонија и воопшто за констатираните проблеми со пописите и во другите балкански земји, како Албанија и Бугарија, нагласи дека тоа е проблем кој се среќава во повеќе балкански земји:

„Ние сме среќни што пописот беше одложен во Македонија, бидејќи не беа преземени сите потребни мерки за да се има транспарентен и правичен попис. Пописот на населението треба да ги вклучи етничките и религиозните малцинства во сите балкански земји. И се‘ додека земјите од Балканот, кои се повеќетнички земји, не ги интегрираат малцинствата, пописите немаат никаква смисла. Потребна е интеграција на различните етнички и религиозни групи, кои ги наоѓаме во сите балкански земји“, заврши Чавошоглу.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска