1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мињон: Грција да ја прекине борбата за името, која е од друго минато време

Претседателот на ПС на СЕ, Жан-Клод Мињон пред 20-тина години, како млад француски пратеник ја потпиша петицијата со која се бараше признавање на Македонија под уставното име. Денес тој не се откажува од потписот.

„Мислам дека проблемот со името на Македонија е борба од некое друго минато време. Грција според мене денес има други нешта за кои треба да се грижи наместо за името кое треба да го носи оваа поранешна република од поранешната Југославија“, вели за Дојче веле претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Жан-Клод Мињон.

„Не жалам за мојот потпис, тој се наоѓа веднаш до името на еден голем француски политичар Филип Сеген, кој го почитував и за жал кој повеќе не е меѓу нас“.

Мињон не жали за дадениот потпис за признавањето на Македонија

Мињон дваесет години по потпишувањето на петицијата за признавањето на Република Македонија под уставното име, се’ уште не може да сфати зошто се уште не може да се реши овој проблем.

„Тоа е неверојатно! Неверојатно и далеку од вистинските грижи на јавното мислење. Искрено, во 2012. година овој проблем изгледа второстепен, а за Грција денес би претставувало чест ако би прекинала со борбата за името која доаѓа од некое друго минато време“.

Die Unterschriften Politiker Frankreich zur Anerkennung Unabhängigkeit Mazedoniens Fotokopie Paris

Петицијата со потписи на француските политичари за признавање на Македонија под уставното име

Потребно е да се гледа кон иднината, а не кон минатото

Според францускиот парламентарец, потребно е сега да се гледа напред кон иднината.

„Ние сме во 2012-та година, и мислам дека треба да се гледа право напред. Кога се вози автомобил се гледа и во ретровизорите, но пред се’ се гледа далеку напред. Не гледаме постојано што се случува назад. Од друга страна сите демократии кои се родени по настаните во деведесетите треба да гледаат напред и да видат како заедно со ЕУ и со сите стари демократии можеме да изградиме подобра иднина за сите народи и да прекинеме да се бориме и караме за толку лоши проблеми или проблеми за кои не постојат причини да постојат повеќе и можеме да се запрашаме дали генерациите на иднината се заинтерсирани за вакви проблеми“.

Ситуацијата на Балканот е кревка, но постои оптимизам

На прашањето на Дојче веле, како тој во функција на претседател на ПССЕ гледа на ситуацијата во регионот на Балканот, Жан-Клод Мињон одговара:

„Моето мислење е дека ситуацијата во овој регион од секогаш била многу кревка. Нема да се навраќам многу наназад, но треба да се подсетиме што се случи во Сараево каде за жал започна првата светска војна. Затоа е потребно да бидеме многу препразливи“. Мињон не го крие оптимизмот за земјите од регионот.

„Се разбира дека сум оптимист, а тука се и новите генерации кои пристигнаа, доволно е да се види таа желба за демократија, желба за слобода, за интегрирање. Еден од нашите приоритети треба да биди заедничката изградба на Европа и светот на утрешнината“.

Претседателот на ПС на СЕ на крајот од разговорот за Дојче веле, повикува на поголема одговорност на избраните политичари и државни раководители да одговорат на очекувањата на нивните граѓани и да дадат соодветни одговори на кризата со која се соочува европскиот континент.

Поврзана содржина