1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мињон: Бојкотот и политиката на празна столица не е добра политика

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа Жан-Клод Мињон вели дека македонската опозиција треба да се врати во Парламентот. Тој при посетата на Грција разговарал за проблемот со името.

ARCHIV - Der französische Abgeordnete Jean-Claude Mignon spricht am 07.10.2010 in der parlamentarischen Versammlung des Europarates in Straßburg. Der konservative Franzose Jean-Claude Mignon (61) ist neuer Präsident der parlamentarischen Versammlung des Europarates. Der langjähriger Abgeordnete der Nationalversammlung wurde am Montag (23.01.2012)in Straßburg per Handzeichen gewählt. Foto: CUGNOT MATHIEU dpa +++(c) dpa - Bildfunk+++

Jean-Claude Mignon

Францускиот пратеник Жан-Клод Мињон, кој денес беше повторно избран за претседател на Паневропската асамблеја во која се претставени националните парламенти на 47 земји членки на Советот на Европа, со мандат од уште една година, се осврна на инцидентите во македонскиот парламент и бојкотот на неговата работата од страна на опозицијата.

Жан-Клод Мињон вели дека честопати Советот на Европа се соочувал со слични видови на проблеми во неговите земји членки, како Албанија или Молдавија.

„Бојкотот и политиката на празна столица не е добра политика. Ние само можеме да ја охрабреме опозицијата од парламентот, да го почитува мандатот кој и’ беше доверен од народот на земјата за да заседава во него и да си ја врши својата парламентарна работа“, нагласи претседателот на ПССЕ во изјава за македонската редакција во Дојче веле.

Според него, ако се покаже потреба за случајот со Македонија, ПССЕ може да го употреби истиот метод кој го користеше за случаите кога имаше бојкот на парламентите во Албанија и Молдавија, односно посредништво меѓу опозицијата и владиното мнозинство и се разбира расправа на пленарна сесија на ПССЕ во Стразбур.

ПССЕ во моментов работи на завршувањето на извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија, кој наскоро треба да се најде на дневниот ред на Собранието. Последните случувања во земјата најверојатно ќе влијаат во финалната верзија, велат наши извори од Стразбур. Значењето на овај извештај е дотолку поголем, бидејќи тој во добар дел ја инспирира Европската комисија за политичкиот дел на извештајот за напредокот на земјата.

Проблемот со името „халуцинирачки“

Во текот на неговата изјава, Жан-Клод Мињон се воздржа да го употреби името Република Македонија, бидејќи последниот пат кога го направи тоа имаше остри реакции од страна на грчките претставници во Стразбур.

„Ќе се воздржам да ја наречам, како што вие ја нарековте, бидејќи секогаш кога ќе интервенирам и зборувам за оваа поранешна југословенска република, се изложувам на соопштенија за јавноста кои велат дека тоа значи признавање. Можам само да речам дека еден ден треба да пронајдеме име за оваа поранешна југословенска република“, вели Мињон за македонската редакција во Дојче веле.

The headquarters of the Council of Europe in the district of European Institutions, in Strasbourg, eastern France on May 5, 2011. Strasbourg is the capital and principal city of the Alsace region and is the seat of several European institutions, such as the Council of Europe (with its European Court of Human Rights, its European Directorate for the Quality of Medicines and its European Audiovisual Observatory) and the Eurocorps, as well as the European Parliament and the European Ombudsman of the European Union. Photo by Mario Fourmy/ ABACAPRESS.COM

Europarat

При неговата неодамнешна посета на Грција, тој разговарал за прашањето со името на Република Македонија со највисоките претставници на грчката држава, претседателот, премиерот, претседателот на парламентот и шефот на дипломатијата.

„Од нив побарав да се реши проблемот со поранешната југословенска република“. Притоа тој рече дека го поканил грчкиот премиер да говори пред ПССЕ во Стразбур и разговорите кои ги водел со сите негови соговорници биле охрабрувачки.

„Не би рекол дека се охрабрувачки и за поранешната југословенска република, која ја викаме Македонија, но имам надеж дека ќе има напредок во таа насока. Не знам дали добро ја именував земјата – ‘поранешна југословенска република Македонија’. За нас оваа ситуација е халуцинирачка да се расправаме за вакви прашања, кога имаме многу поголеми проблеми со кои се соочуваме, како на пример на Блискиот Исток и во Африка“, изјави Жан-Клод Мињон во изјавата за Дојче веле.

Оспорен мандатот на грчката пратеничка од Нова Зора во ПССЕ

Мандатот на Елени Заруила грчката парламентарка од редовите на „Нова Зора“ во ПССЕ беше оспорен на почетокот од Зинската сесија на ПССЕ.

Предлогот за оспорување на мандатот на парламентарката на националистичката и неофашистичката „Нова Зора“, го поднесе италијанската парламентарка Фиамма Ниренштајн. Според нејзионото образложение, Елени Зарулиа во грчкиот парламент изјавила дека и „имигрантите се подчовечки“ суштества.

Нејзиниот предлог беше поддржан од десетина членови на ПССС, по што верификацијата на нејзиниот мандат е упатен пред Комисијата за верификација на мандатите на паневропската асамблеја, која ќе треба да изготви посебен извештај.

Претходно претседателот на ПССЕ, Жан-Клод Мињон, се покажа воздржан околу верификацијата на мандатот на грчката парламентарка. Според Мињон, ПССЕ е европскиот дом на демократијата, грчкиот народ суверено и на демократски начин ги избра своите претставници во грчкиот парламент.

„Ние не смееме да им кажуваме на избирачите како да гласаат“, рече Мињон, притоа нагласувајќи дека сите добро знаат што тој мисли за националистичките и популистичките политички движења, како тоа во кое членува Елени Зарули, во спротивно тој не би заседавал во ПССЕ.