1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мијатовиќ: Ужасната сум од пресудата за Кежаровски

Првиот човек на одделот за медиуми на ОБСЕ изразува длабока загрижност поради изречената затворска казна за новинарот Томислав Кежаровски и бара тој веднаш да биде ослободен

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите изрази длабока загриженост за пресудата за новинарот на весникот Нова Македонија, Томислав Кежаровски кој денеска беше осуден на 4 години и шест месеци затвор.

„Јас сум ужасната од денешната пресуда. Оваа претерано строга осуда е загрижувачки развој и праќа јасна порака за цензура до другите новинари во земјата“, се вели во писмената изјава на Мијатовиќ.

Во соопштението се потсетува дека Кежаровски е единствениот новинар во притвор во цела југоисточна Европа. Според неа, оваа пресуда има сериозни последици за слободното изразување и медиумските слободи во Македонија.

„Кривичниот прогон на репортери за нивните новинарски активности го прекршува основното човеково право за слободно изразување и обврските на земјата кон ОБСЕ за развој и заштита на слободни медиуми“, вели Мијатовиќ. Таа ги повика властите во Македонија да го ослободат Кежаровски и уште еднаш побара да го посети новинарот во притвор.