1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мијанмар: што ќе донесе посетата на пратеникот на ОН Гамбари?

Пратеникот на ОН Ибрахим Гамбари денеска во Рангун се сретна со лидерот на демократската опозиција во Мијанмар, Аунг Сан Су Чи.

default

Специјалните сили на улиците на Рангун

За таа цел хунтата го ексортирала во посебен владин објект, бидејќи добитничката на Нобеловата награда за мир веќе со години е во куќен притвор. Гамбари претходно разговарал со висока делегација на хунтата во новиот главен град Напи Даув, на северот на земјата. Дали таму се сретнал и со шефот на хунтатата Тан Шве и какви се резултатите од разговорите, за сега нема информации.

Наспроти примената на сила изминатите денови во Рангун и денеска излегоа неколку стотини лица да демонстрираат за повеќе демократија и слободи. При тоа, според непотврдени извештаи доаѓа до повремени судири на полициските сили со групите демонстранти. Демонстрациите остануваат и понатаму мирни, иако полицијата користи палки и солзавец, а во одделни ситуации дури и предупредувачки истрели во воздух.

Слично беше и вчера кога демонстрантите ја исвиркуваа полицијата поради насилството од претходните денови, при што животот го загубија најмалку 10-тина лица. Според други извори има дури повеќе од стотина жртви. Но, сите информации остануваат непотврдени поради информативната блокада што ја спроведува хунтата.

Вчерашните протести почнаа по доаѓањето на пратеникот на ОН, Ибрахим Гамбари во Рангун. Експертите стравуваат дека неговото присуство може повторно да ги охрабри демонстрантите и со тоа да ја испровоцира хунтата на ново насилство. Тоа пак не ги погаѓа само граѓаните на Рангун, туку и оние во внатрешноста, иако таму не се забележани слични демонстрации. Проблемот е во забраната на воената хунта за движење на камиони во земјата. Со тоа се пресекува каналот за снабдување на сиромашното население од внатрешноста со хуманитарни пратки. Изминатите денови така останаа неиспорачани преку половина милион подготвени порции јадење.

Раководителот на Светската програма за исхрана Пол Рисли очекува пратеникот на ОН да разговара со хунтата и за ваквите проблеми на населението, кое зависи од хуманитарните пратки:

“Наша надеж е дека специјалниот пратеник на ОН, Гамбари секако ќе разговара со властите и за оваа тема. Ние јасно порачавме дека ваквите органичувања мора да бидат укинати и се надеваме дека Гамбари ќе добие одговор на ова чувствително прашање“ - нагласи Пол Рисли од Светската програма на ОН за храна.

Во меѓувреме САД ја повикаа воената хунта во Мијанмар, поранешна Бурма да го сопре насилството против мирните демонстранти и да му дозволи неограничена слобода на движење на пратеникот на ОН, Ибрахим Гамбари.