1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Михаел Шумахер става крај на кариерата во Формула 1

Рекордерот по шампионски титули во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, ќе ја заврши неговата кариера во ова автомобилско натпреварување на крајот од годинешната сезона.

43-годишниот возач на тимот на „Мерцедес“ соопшти дека и‘ става крај на кариерата во Формула 1 во рамките на прес-конференцијата што се одржа во јапонска Сузука.

„Иако и натаму сум конкурентно способен, се решив на ваков чекор. Не ги исполнивме целите што си ги поставивме со тимот на ’Мерцедес’. Но јас можам да бидам горд на тоа што го постигнав“, изјави Шумахер.

Тимот на „Мерцедес“ минатата недела објави дека нема да му го продолжи договорот на Михаел Шумахер кој истекува на крајот од актуелната сезона во Формула 1. На негово место во германскиот тим ќе вози Британецот, Луис Хамилтон.

Со тоа сеумкратниот шампион во ова натпреварување својата последна трка во кариерата ќе ја вози на 25 ноември во Сао Паоло, Бразил.