1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Михаел Шумахер го откажа кам-бекот во Формула 1

На својот веб-сајт, седумкратниот шампион во Формула 1 наведува дека главна причина за ваквата одлука се незалечените повреди на вратот, по сообраќајна несреќа со мотор во февруари годинава.

default

Михаел Шумахер

Поради здравствени проблеми 40-годишниот Михаел Шумахер не е во состојба да се врати на трките од Формула 1. Тој на 29 јули

BdT Formel 1 Michael Schumacher in Budapest

најави дека на определено време треба да го замени возачот на Ферари, Фелипе Маса, кој тешко се повреди на патеката во Хунгароринг, за Големата награда на Унгарија. Во денешното соопштение на неговата интернет страница, Шумахер уште вчера им ја соопштил одлуката на одговорните од тимот на Ферари. „Сторив апсолутно се’ овој кам-бек да биде возможен на време, но на мое длабоко жалење, тоа не успеа“, се вели во соопштението на интернет страницата. „Најдлабоко сум разочаран“, пишува Шумахер.

Автор: СН/АТ/дпа

Редактор: Александра Трајковска