1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Михаел Шумахер во иднина ќе биде заменик-директор на Ферари

На „Деновите на Ферари“ во Монца 45 илјади навивачи вчера му приредија грандиозно проштевање на нивниот миленик, седумкратниот светски првак во автомобилизам формула еден Михаел Шумахер, кој ја заврши кариерата како досега најуспешен возач на сите времиња. 37-годишниот Шумахер беше промовиран во нов супер-асистент на Жан Тод, кој пак од спортски директор на тимот на Ферари е унапреден во директор на автом

default

�билскиот производител Ферари.

Новостите ги соопшти шефот на фирмата Лука де Монтеземоло. „Ние сакаме да го искористиме неговото големо знаење за спортските, техничките и стратегиските решенија“ – рече 60-годишниот Тод за идната улога на Михаел Шумахер. Самиот Шумахер за германската телевизија АРД изјави дека неговата идна улога не е докрај дефинирана, но тој останува надлежен и за возачкиот подмладок на Ферари. Досегашната улога на Тод во формула еден ја презема Стефано Доменикали, технички директор ќе биде Марио Алмондо, а Рос Браун се повлекува на една година во приватен живот - но не е исклучено негово подоцнежно враќање во некоја друга улога. Алдо Коста останува главен дизајнер. Ферари со подмладен тим и со Кими Рајконен како наследник на Михаел Шумахер - наводно од него и предложен, сака да земе нов залет во „кралската класа“ на автомобилскиот спорт.