1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Митрополитот Кирил избран за нов патријарх на РПЦ

Руската православна црква доби нов поглавар. Во Москва, митрополитот Кирил, беше избран за наследник на патријархот Алексеј Втори.

default

Митрополитот Кирил нов патријарх на РПЦ

Во црквата „Христос Спасител“ се пееа похвални песни, а камбаната на катедралата во Москва се огласи 16 пати. За верниците тоа значеше радосна вест: руската православана црква избра нов поглавар, 16-тиот патријарх, наследникот на Алексеј Втори, кој почина во декември минатата година.

Јасна победа

Уште по првиот изборен круг беше јасно: мнозинството од преку 700. делегати, меѓу кои свештеници, монаси, но, и политичари, истакнати трговци и други општествени личности гласаа за фаворизираниот митрополит од Калининград и Смоленск. Кирил, кој досега во црквата беше задолжен за надворешни работи доби 508 гласови. Неговиот конкурент, Климент, митрополитот од Калуга и Боровск освои 169 гласови.

Третиот кандидат именуван од Светиот архиерејски собор на РПЦ, водачот на белоруската црква, Филарет се откажа од трката. Вечерта пред изборот, портрпаролот на патријархатот, Владимир Вигилјански објави: „Митрополитот Филарет ја повлече својата кандидатура. Тој ги повика неговите приврзаници да гласаат за митрополитот Кирил.“

Повик за единство

Russland Moskau Land und Leute Christi-Erlöser-Kathedrale

Црквата „Христос Спасител“

73. годишниот Филарет потоа се изјасни дека со овој чекор сакал да испрати знак за единство. Единство, на кое повика и митрополитот Кирил, во функција на привремен патријарх, на почетокот на црковно народниот Собор: „Од Господ лично водени, се собравме од различи земји и региони, за да одлучиме по кој пат ќе тргне руското православије во 21 век. Мораме да заземе став во однос на последните 18 години, кога Русија по вторпат беше покрстена. Повикани сме да размислиме што ќе се случи со нашата црква во блиска иднина.“

Во речиси едночасовниот осврт, Кирил подвлече дека Руската правослaвна црква е препородена. Оваа нова јачина мора да се зачува, стекнатото влијание во сите области, да се искористи.

Кирил се изјасни и дека црквата и државата треба да бидат партнери, но мораат да делуваат независно едена од друга.

Критичарите предупредуваат од влијанието на Кремљ

Но, Руската православна црква се смета и како дел од државниот систем на моќ. Според некои критичари на црквата, Кремљ во голема мера го одредува делувањето на црквата. Колку Кирил, како нов патријарх ќе може и сака да ја скрши оваа хиерархија останува отворено, смета експертот по религија, Владимир Ојвин: „Без сомнение тој е харизматича личност. Но во неговите постапки некогаш е непредвидлив. Бара поголема самостојност, можеби само на изглед. Понекогаш тој неможе да се сопре.“

Таква беше и неговата изборна кампања, којашто главно ја водеа приврзаниците. Неговиот конкурент Климент, делумно беше жестоко напаѓан. Но, ова брзо ќе се заборави. Во недела на први февруари, миленикот на народот Кирил, ќе стане патријарх на околу 150 милиони верници.