1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Митровица: Четврти избори за четири месеци

На повторените избори за градоначалник на северна Косовска Митровица избирачките места се отворени навреме, во согласност со прописите, соопшти ОБСЕ.

Гласањето, кое е четврто по ред за четири месеци, се одвива на 33 избирачки места, во шест изборни центри. Повторените, четврти избори за градоначалник, ги распиша косовската претседателка Атифете Јахјага, во согласност со Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина и косовскиот закон за општи избори.

Во изборна трка се четворица кандидати, по двајца од српските и албанските партии - Горан Ракиќ од ГИ „Српска“, Оливер Ивановиќ кандидат на Граѓанската иницијатива СДП, Муса Мифтари од Демократскиот сојуз на Косово и Фљорент Аземи од Демократската партија на Косово. Оливер Ивановиќ е во притвор. Тој е осомничен за учество во воени злосторства во периодот 1999-2000 година.

Изборите за градоначалник, на Северна Митровица се повторуваат бидејќи градоначалникот Крстимир Пантиќ одби да ја потпише свечана изјава на документот на кој има симболи на косовската државност.

Директорот на Канцеларијата за соработка со медиумите на српската Влада, Миливоје Михајловиќ, изјави дека реална опција е Косовска Митровица денеска (23.02) да добие градоначалник и со тоа да се заврши периодот на нестабилност и да се формира Заедница на српски општини.