1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Митот за кожените палта живее

Неговата мода не е минлива. Не изумира ниту љубовта кон старото добро кожено палто. Со нитни или без нив, тоа до денес е присутно на модните писти и улиците на Лондон.

default

Во актуелната есенска и зимска колекција на големите марки речиси и да не може да се избегне: се‘ едно дали Дизел, Версаче, Сент Лорен или Александер МекКвин - коженото палто го има насекаде.

Како и на улиците на истокот на Лондон: иако температурите паѓаат, многу млади лондончани не се откажуваат од црното кожено палто.

Бунтовнички изглед за облекување - Германскиот фотограф Хорст Фридрихс тргна во потрага на потеклото на култното палто. Тој работи на неговата нова збирка фотографии „Pride and Glory“. За таа цел 15 години трагаше по Лондон по кожени палта со историја.

„Нема друго парче облека кое е толку индивидуализирано, како рокерското палто. Сопственикот или стилистот го кити со нитни во зависност од мотоциклот. А кога се немаат пари за нитни, тогаш може да се ишара или да се користат синџири или закрпени платненца. Едноставно се’ е дозволено.“

Großbritannien Stadt City of London Bus und U-Bahn Schild Bank Station

Лондон

Хорст Фридрихс ја фотографира Сара Бредли, новинар за мотор-спорт. Таа поседува рокерски палта од различни децении. Нејзината омилена ера се 50-тите години. Од тој период потекнува и трендот кожените палта да се китат со нитни, боцки и да се крпат со платненца. И тоа не само еднаш, туку постојано, понекогаш и со години. Така палтото е огледало на душата и животот на сопственикот. На изгледот на нејзиното кожено палто Сара Бредли работи речиси 20 години.

„Рокерските палта едноставно се класика. Оригинално парче облека со класичен крој и дизајн. Кожата дури изгледа уште подобро, колку е постара. Другите материјали со текот на годината делуваат поистрошено.“

Вредни колекционерски примероци

Вистински кожени рокерски палта и соодветни нитни - нив ги има доволно во традиционалната работилница за кожа „Луис Летерс“.

Во подрумот на производителот на кожена стока се наоѓаат вистински раритети. Стотици историски кожени палта, кои Хорст Фририхс смееше да ги фотографира за својата збирка. Илјада евра и повеќе се вредни ваквите колекционерски примероци.

John Lennon undatiertes Porträt

Џон Ленон

Исто така и рок ѕвезди поседуваат палта од „Луис Летерс“. Меѓу најпознатите сопственции се вбројуваат Рон Вуд од Ролинг Соунс, Џон Ленон и актерот Стив МекКвин. А меѓу најдобрите парчиња се вбројува бронкс-палтото, кое на пазарот првпат се појави во 1956 година.

„Колку повеќе се исцртани палтата, колку повеќе работи се закачени, толку се поинтересни за мене како фотограф. Во мојата книга Pride and Glory се наоѓаат сосема различни палта. Како на пример кожени палта каде нема повеќе место, поради сите нитни. Но, во неа се наоѓа и голото палто - сосема чисто - без украси. И тие имаат своја привлечност. “

Назад на истокот на Лондон. Местото, каде брзо пристигнуваат новите модни трендови. Рокерскиот изглед овде доста е застапен. Многумина го комбинираат црното кожено палто со други рокерски спомени, како на пример китењето со нитните. Модната блогерка Никола Робинсон најрадо го комбинира своето кожено палто со фустан.

„Од неодамна темата рокери во Лондон повторно е популарна. Тука не станува збор само за јакните, туку таа се отсликува и кај чевлите и модните додатоци. Сега, нитните кои ги познаваме од кожените палта може да се најдат насекаде. На големите шопинг улици на пример се појавуваат бајкер-чевли со нитни. Тоа порано го немаше.“

Верна љубов

На ваквите минливи модни трендови вистинските рокери само се смеат. Тие секогаш му се верни на своето палто, понекогаш цел живот. И со тоа придонесуваат да се одржи митот за најбунтовничкотот од сите парчиња облека.

„Рокерското кожено палто, како што велат Англичаните, доживува ривајвл. Тоа постојано се враќа во мода. Јас цврсто верувам во тоа. Може да се случи твојата ќерка да го најде палтото во регалот и да го облече. Така се’почнува одново“.

Коженото палто: за едни животен стил, за други рокерски моден детал. Етаблирано дизајнерско парче облека, кое редовно го освојува светот на модата. Тоа е и единственото парче облека во светот кое секоја трага од износеност го прави поубаво.