1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Митинг на ДПА за поддршка за независност на Косово

*

Демократската партија на Албанците во Македонија денеска во Тетово одржува митинг под мотото „Косово независно, Македонија во НАТО“. Потпретседателот на ДПА, Имер Селмани рече дека во интрес на сите, а особено на Албанците е Косово да биде независно. Лидерот на ДПА Мендух Тачи вчера имаше средба со косовскиот премиер Агим Чеку и претседателот Фатмир Сејдиу на која ги информирал за митингот. Заклучиле дека претстои чуствителен период во кој треба да соработуваат. По средбата Сејдиу повтори дека „косовската страна нема да прифати никаков компромис кој предвидува нешто помалку од независност“.