1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мистер „Епл“ се повлече

Во копјутерскиот концерн „Епл“ завршува една ера. Иако многумина очекуваа, одлуката на основачот на фирмата Стив Џобс да се повлече од функцијата шеф на концернот, сепак, беше изненадувачки чекор.

default

Стив Џобс ќе остане шеф на Управниот одбор

Веста дојде изненадувачки. Човекот, кого повеќето луѓе го поврзуваат со производи како Мек, Ајфон и Ајпед - Стив Џобс, поднесе оставка на водечката функција на компјутерскиот концерн „Епл“. Причините за својата оставка Џобс ги изнесе во писмо, кое беше цитирано на телевизиската станица Еј-Би-Си:

„Секогаш велев, кога ќе дојде денот кога нема да можам веќе да ги исполнувам задачите и очекувањата како шеф на ’Епл’, ќе бидам првиот кој ќе ви ја соопшти таа информација. Тој ден дојде.“

Попрецизни информации за причините на неговата оставка Џобс не наведе. Во концернот ќе остане како шеф на управниот одбор. Негов наследник ќе биде Тим Кук, кој веќе го заменуваше Џобс во 2009 година, кога тој имаше големи здравствени проблеми.

Болеста е причина за заминување на Џобс?

Одлуката на Стив Џобс да се полече од шефовската позиција на „Епл“ ги загрева

Apple-Chef Steve Jobs Rücktritt

Стив Џобс (лево) во 1984 година, на презентацијата на компјутерот Apple IIc

гласините околу неговата здравствена состојба. Компјутерскиот експерт на Си-Ен-Ен Ден Сајн изјави:

„Моментот на одлуката е изненадувачки. Се поставува прашањето каква е здравствената состојба на Џобс. Во 2004 година му беше дијагностициран рак, во 2009 година му беше трансплантиран црн дроб. Не се знае точно каква е неговата моментална здравствена состојба.“

Одлуката сигурно не била едноствна за Џобс, со оглед на тоа што „Епл“ во моментов има голем успех, за кој е заслужна личноста Стив Џобс.

Под водство на Џобс „Епл“ стана гигант

Во 1976 година Џобс беше еден од основачите на компјутерскиот концерн. Во 1985 година го напушти претпријатието и се врати во 1997 година, во момент кога „Епл“ беше речиси банкротиран.

Ideenklau-Streit von Apple und Samsung

Конкуренцијата на пазарот на т.н смартфони никогаш не била поголема

„Тој е човекот кој го врати ’Епл’ на врвот, претпријатие кое влијае врз секој од нас. Магазинот ’Форчн’, тукушто го избра за менаџер на годината“, вели новинарката на Си-Ен-Ен и познавач на браншата, Попи Хало.

Под раководство на Џобс, „Епл“ стана едно од највредните претпријатија во светот. Иновациите како Ајпод, Ајфон или Ајпед се магнет за потрошувачите и со нив концернот стекна култен статус. Кон тоа придонесе и личната презентација на Џобс на производите на компјутерскиот концерн. Неговиот наследник нема да може да живее на стара слава. Конкуренцијата на пазарот на т.н смартфони никогаш не била поголема. „Епл“ води со повеќе фирми спорови заради патенти, а слабее и продажбата на Ајпед. Моментот на повлекувањето на Стив Џобс за претпријатието е неповолен.

Автор: Катарина Вилхелмс/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

 

DW.COM