1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Мистериозни милиони евра донации за Герлиц

Германскиот град Герлиц имаше среќа - за реставрација на старите градби добива пари од мецена, кој донациите ги условува со својата анонимност. Жителите не знаат дали се работи само за еден мецена кој дава милиони евра.

Една од старите палати во Герлиц треба делумно да се реставрира од донација. Како и секоја година, точно на пролет, така и сега по 19-ти пат ќе пристигне во Герлиц таканаречената донација „Милион за стариот град“ на анонимниот мецена.

„Да, поднесено е барање од сопственикот, а тука имаме повеќе траги од градба, повеќе временски епохи кои лежат една врз друга - барок, а под него ренесанса со прекрасни столбови од песочни камчиња“, вели Петер Мичинг, раководител на Службата за заштита на спомениците.

Досега можеа да се реставрираат 700 споменици. Мецената се интересира за заштита на спомениците. Повеќе не е познато. Кога тој во 1995 година ги испрати првите пари тоа беа еден милион марки или денес точно 511.500 евра. Благородниот донатор меѓутоа помага, само ако остане аномимен.

„Ние едноставно ја прифаќаме неговата желба да остане анонимен. Или нивната желба. Ние не ни знаеме кој е тоа. Ние воопшто не знаеме дали е една личност“, вели Мичинг.

Flash-Galerie Deutschland Aufbau Ost vorher nachher Görlitz

Досега се реставрирани 700 споменици во градот Герлиц

Со вкупно околу 10 милиони евра Герлиц можеше на овој начин да го санира стариот дел од градот. Контактот со големиот „непознат“ оди преку еден адвокат.

„Годишно се фактурира како парите се користат. Се води документација, така што има информација за тоа што се случува со парите“, вели раководителот на Службата за заштита на спомениците.

„Значи, тоа е познат адвокат од Минхен“, прашува репортерот.

„Од каде доаѓа не кажувам“, одговара Мичинг.

„Би било штета за парите“, забележува новинарот.

„Постојано се прашува, ама ние ’ќе ја скршиме бургијата’“, низ смеа одговара Мичинг..

Westrentner ziehen nach Ostdeutschland Untermarkt Görlitz

Без парите од донацијата градот нема да може да ги санира старите градби

Градот и не сака да знае, бидејќи на крајот нему му требаат парите. Од сопствен џеб градот не би можел да ги плати трошоците за санирање. Многу градби, како Синагогата во Герлиц, кои за време на нацизмот беа осквернавени, голтаат милиони.

„Овде, на оваа основа во окер боја, е нанесен златен лист. За декорирање се трошат многу пари, зашто не се работи плански, туку неплански. Значи, како што добиваме средства, така работиме на објектот“, објаснува Мичинг.

Кој што добива од „Милионот за стариот град“ одлучува Одборот на доверители. Оваа година се примени барања за стотина згради, меѓу кои и за овој хотел со ренесансни тавани. За еден проект има околу 30.000 евра.

Жителите на Герлиц се согласни - мецената мора да остане во тајност, инаку ќе пресуши драгоцениот извор.