1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Мистериозна жена предизвика скандал на Олимпијадата

Олимпискиот комитет на Индија денеска поднесе протест до органзиаторите на Олимписките игри во Лондон, откако на церемонијата на отворањето на чело на индиската делегација се појави „мистериозна жена во црвено".

Индискиот олимписки тим на отворањето на Олимписките игри во Лондон, беше предводен од непозната жена облечена во црвено, пишува денеска весникот Тајмс оф Индија.

Неидентификуваната жена облечена во сини панталони и црвен блузон одеше веднаш до носителот на индиското знаме Сушил Кумар кој ја водеше екипата од 81 спортист, предизвикувајќи остра реакција кај индиските челници.

„Не знаеме која е и зошто одеше до нас. Целиот случај е бизарен, но ќе бараме извинување од домаќинот. Непознатата жена не’ посрамоти пред целиот свет", изјави шефот на идниската олимписка делегација во Лондон, Муралдхаран Раџа.

Eröffnungsfeier Olympiade London 2012

Инцидентот се случи на отворањето на Олимписките игри

Тимот мислел дека жената е од организацијата

Цела Индија беше изненадена кога за време на директниот пренос од свеченото отворање на Летните олимписки игри во Лондон до предводникот на индискиот национален тим, борачот Сушил Кумар, одеше непозната жена, судејќи според излгедот индијанка или латиноамериканка. Индиските спортисти беа облечени во жолти турбани на главите, сини јакни и бели панталони, а спортистките во жолти сари, додека непознатата беше облечена во светло црвен блузон и фармерки.

Според весникот, непознатата жена и’ се приклучила на делегацијата пред да излезе на стадионот. Спортистите помислиле дека жената е една од организаторите на дефилето, меѓутоа неочекувано при нивното стапнување на атлетската патека, таа застанала веднаш до знаменосецот, на чело на тимот. Непознатата жена за време на дефилето беше многу насмеана и со раката им отпоздравуваше на гледачите на трибините.

„Олимписки тим на Индија за време на преносот беше прикажан само околу десетина секунди, а сите камери беа насочени кон оваа чудна жена во црвено, која нема врска со тимот", изјави за весникот предводиникот на индискиот олипмиски тим во Лондон, Муралидхаран Раџа.

Eröffnungsfeier Olympiade London 2012

Од организаторот е побарано објаснување која е жената што застана на чело на индиската делегација

Кршење на безбедносните правила

Индискитр олимпијци сметаат дека ова претставува сериозно прекршување на безбедносните правила на спортските делегации, доклку непознати и неофицијални лица лесно може да се движат по стадионот и да им се приклувчуваат на тимовите.

„Имаме намера да го поставиме ова прашање пред организаторите. Ние не знаеме која е таа, како и зошто и‘ беше дозволено да мине покрај обезбедувањето", дополнува Раџа.

Индиските медиуми посветуваат голем простор на овој скандал, обидувајќи се да дознаат која е „непознатата во црвено" и што претставува нејзиното појавување на чело на олимпискиот национален тим на Индија.