1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мистериите на Ахмадинеџад ги скандализираа ОН

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад повторно предизвика скандал во ОН при неговиот говор на Генералното собрание. Тој нападите од 11 септември 2001 врз САД ги нарече мистериозни.

default

Махмуд Ахмадинеџад на говорницата на ОН

Ахмадинеџад ги окарактеризира САД како „арогантна сила“ која воведува санкции или почнува војна против сите кои го негираат холокаустот или ги ставаат нападите од 11 септември под знак прашање. „Некои европски земји се‘ уште, по шест децении, го користат холокаустот како изговор за да ги снабдуваат ционистите во Израел со пари“, рече, меѓу другото, Ахмадинеџад. Во знак на протест против говорот на иранскиот претседател, салата ја напуштија прво американската, а потоа и голем број други делегации на Генералното собрание на ОН, меѓу кои и германската.

Пред една година Ахмадинеџад предизвика сличен скандал, со тоа што тврдеше дека Американците сами ги инсценирале нападите од 11 септември. Реакциите во светот се жестоки. Организацијата за човекови права „Хјуман Рајтс Воч“ соопшти дека „додека Ахмадинеџад му дели лекции на светот, во неговата земја брутално се угнетуваат оние што мислат поинаку“. Центарот „Симон Визентал“, пак, соопшти дека „шокантниот говор“ им ги отворил очите на сите и дека покажува „колку поопасен би бил светот со Иран кој би имал и атомско оружје“.

Автор: ЕМФ/ГЧ/дв/дпа

Редактор: Борис Георгиевски