1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Мислењето на Европската комисија сепак ќе биде објавено на 9-ти ноември

Европската Комисија со нова изјава, мислењето дали Македонија ги исполнува условите за да стане земја кандидат за членство во Европската Унија сепак ќе биде објавено на 9-ти ноември.

Оли Рен, комесар на ЕУ

Оли Рен, комесар на ЕУ

„Не е важно тоа, ако е 9-ти ноември, тоа е 9-ти ноември. Се се случува на 9-ти ноември, односно тогаш ќе биде објавен целиот пакет за проширувањето на Европската Унија“, ни рече во повторната изјава, Кристина Наѓ, портпаролката на европскиот комесар за проширување Оли Рен.

„Сакам да кажам и појаснам, за да се избегнат сите забуни за тоа што беше кажано околу објавувањето на мислењето на Европската Комисија за кандидатурата на земјата. Европската комисија сеуште има намера, на 9-ти ноември да го објави мислењето за апликацијата на земјата да стане членка на Европската Унија.“

Според неа, не е важно дали мислењето ќе биде објавено заедно со извештаите за земјите опфатени со процесот за стабилизација и асоцијација.

Оваа изјава на портпаролот за проширувањето на Европската комисија дојде по нејзината претходна изјава дадена за Радио Дојче Веле, во која таа рече дека Европската комисија сеуште не ја има утврдено датата за објавувањето на мислењето дали Република Македонија ги исполнува условите за да стане земја кандидат за членство во Европската Унија.

Претходно од кабинетот на Оли Рен ни беше речено дека одлуката на Европската Комисија за Македонија нема да биде под влијание на веста од НАТО за одлагање на самитот за прием на нови земји членки. Сепак во дипломатските кругови се оценува дека потегот на НАТО ќе влијае и на одлуката на Европската Унија со оглед дека најголемиот дел од 25-те земји членки на Унијата се и членки на Северно Атлантскиот сојуз.