1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мисија на ОН само во Советот за безбедност

Судирите на Блискиот исток доминираа и на последниот ден од самитот на Групата 8 во Санкт Петерсбург. За новата криза денеска се разговараше на проширената рунда на која покрај постојаните членки на Г-8 присуствуваа и нивните колеги од Кина, Индија, Бразил, Мексико, Јужна Африка, Конго и Казахсттан, како и претставници на повеќе меѓународни организации.

Домаќинот на самитот, рускиот претседател Владимир Путин на завршната прес-конференција изјави:

„Ние го разгледувавме и предлогот на Блискиот исток да испратиме меѓународни сили. Во врска со тоа сакам да подвлечам дека тоа може да се случи само во рамките на Советот за безбедност на Обедиентите нации, а решението може да се донесе само во согласност на сите страни во конфликтот„.

Путин на тој начин интерпретираше дел од вчерашната заедничка декларација на шефовите на земјите членки на Г-8. Во декларацијата Советот за безбедност е повикан да ја испита можност за испраќање мировна мисија во Јужен Либан. Токму на ова реагираше Путин во својата изјава.

Во изјавата на крајот од самитот, германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека средбата беше многу успешна. „Владееше таква атмосфера што овозможи заедничко разгледување и решавање на проблемите во светот„. Меркел посебно ја истакна декларацијата на учесниците на Г-8 во врска со блискоисточниот конфликт: „Беше исклучително важно што ја договоривме заедно„, рече Меркел, но дополни дека во моментов германско учество во меѓунардна мисија на Блискиот исток воопшто не е тема. „Тоа воопшто не е на дневен ред„, изјави Меркел, зашто воопшто не се знае каков карактер би имала таквата мисија. „За тоа воопшто не е разаговарано и тоа може да биде расчистено само во Обедиентите нации.Г-8 не е вистинското тело за тоа„, рече Меркел.