1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мисија на ОН на Косово

Мисијата на Советот за безбедност денеска ќе ја заврши посетата на Косово, по што ќе отпатува во Виена на разговори со специјалниот пратеник на ОН за статусот на покраината,Марти Ахтисари. Делегацијата, во која се 15 амбасадори од земјите членки на Советот за безбедност, денеска ќе посети и повеќе места населени со Срби. Вчера мисијата беше во Приштина и Косовска Митровица, а пред посетата на Косово престојуваше во Белград и во Брисел за да стекне увид во состојбата пред расправата за статусот на Косово во Советот за безбедност на ОН.