1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мисијата на ОН во Косово

Мисијата на Советот за безбедност на ОН денеска ја завршува посетата на Косово,по што ќе отпатува во Виена, на разговори со специјалниот пратеник на ОН за статусот на покраината,Марти Ахтисари.

Делегацијата ,во која се 15 амбасадори од земјите членки на Советот за безбедност,денеска беше во посета на повеќе места населени со Срби.Вчера мисијата беше во Приштина и Косовска Митровица,а претходно во Белград и во Брисел, за да стекне увид во состојбата пред расправата за статусот на Косово во Советот за безбедност на ОН.